Јанкулоска од затвор донесена на судење со лисици на рацете
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2020
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска од затворот „Идризово“ беше доведена на судското рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ со лисици на рацете.
Јанкулоска е обвинета за случајот со масовното прислушкјување, а во затворот беше спроведена во понеделникот како осудена на четири години затворска казна во предметот „Тенк“ за незаконска набавка на владиниот мерцедес од 600.000 евра.
На денешното рочиште главно се повикани сведоци од новинарската фела, а покрај Јанкулоска, обвинет е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и вработени во поранешната управа.
Тие се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.