14 Јануари, 2025
0.0285

ЈАНКУЛОСКА: Помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Борбата продолжува, треба да се утврди кој го вршел прислушувањето, пишува на Фејсбук, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. 

„Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години. Задоволна сум од денешната одлука на судот кој ги уважи нашите аргументи. Без оглед што во кривичната постапка не се утврди виновникот за масовното прислушување, што мене како една од најголемите жртви на овој монструозен чин и на моето семејство од корен ни ги промени животите и ни нанесе ненадоместлива штета, борбата за правда продолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето“, напиша Јанкулоска.

Таа беше обвинета во случајот „Тврдина“. За злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК, Судот ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски и Валентина Симоновска, кои беа присутни во судница, како и Горан Грујевски и Никола Бошкоски, екс разузнавачи кои избегаа во Грција, на кои им се судеше во отсуство.

За делата злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа обвинетиот Тони Јакимовски е осуден на една единствена казна затвор од три години, во која се засметува и притворот, обвинетиот Горан Грујевски на една единствена казна затвор од 14 години и шест месеци и обвинетиот Никола Бошкоски на една единствена казна затвор од девет години и десет месеци.

Обвинетата Валентинa Симоновска, доби условна осуда со казна затвор од две години, доколку во период од пет години не стори друго кривично дело. Тие се виновни за ништење на системите за следење на комуникациите Веринд и Најс трак на отпадот „Бубо металика“ во Скопје во 2015 година. 

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се ослободува од обвинение, бидејќи обвинителството во текот на судењето не го докажало делото што и се става на товар.


Можеби ќе ве интересира

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори

БРАШНО, МАСЛО, КОНЗЕРВИ: Жителите на планинските села си имаат залихи за долга и снежна зима

БРАШНО, МАСЛО, КОНЗЕРВИ: Жителите на планинските села си имаат залихи за долга и снежна зима

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанкулоска доби ослободителна пресуда, се надева дека ќе се дознае кој прислушкувал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанкулоска доби ослободителна пресуда, се надева дека ќе се дознае кој прислушкувал

Tрансплантирана e коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете

Tрансплантирана e коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете

СОФИЈА МОЛЧИ: Нема осуда за изјавата на Костадинов дека Македонија треба да се припои на Бугарија

СОФИЈА МОЛЧИ: Нема осуда за изјавата на Костадинов дека Македонија треба да се припои на Бугарија