15 Февруари, 2025
0.0274

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на ланец аптеки и правното лице, кои се товарат за фалсификување службена исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина.

За фалсификување на службената исправа како продолжено кривично дело е обвинета судијката која во текот на постапката беше и разрешена од судиската функција, додека управителката на ланецот аптеки и нејзиниот сопруг се обвинети за поттикнување при извршувањето на кривичното дело и за употреба на исправите со невистинита содржина.

Првообвинетата, постапувајќи во предмет во кој тужители се останатите обвинети, донела пресуда со која им го усвоила тужбеното барање и им утврдила право на сопственост на деловен простор и земјиште под зграда. Иако пресудата не била правосилна и извршна, а тужените навреме изјавиле жалби, судијката поттикната со умисла од сообвинетите, ја заверила со службен печат за правосилност и извршност со што свесно внела невистинит податок во службената исправа. Ваквата службена исправа со невистинита содржина таа ја дала на рака на управителката на правното лице, наместо преку судска достава.

Дополнително, како судија во вонпарнична постапка, обвинетата надвор од АКМИС системот за електронско управување со предметите во Судот, составила решение со кое на истите подносители им го усвоила предлогот за привремени мерки за обезбедување непарично побарување, со кое им овозможила на предметниот имот да впишат прибелешка во јавните книги со забрана за отуѓување и оптоварување. Потоа решила привремената мерка веднаш да биде извршна и примерок веднаш да биде доставен до Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности Велес. Решението било со невистинита содржина во поглед на податоците за наводно одржаното рочиште, а документот спротивно на судскиот деловник било доставено само до предлагачот.

Со посебно решение, таа ја задолжила спротивната страна да ги надомести парничните трошоци на предлагачите во износ од 1.124.308 денари, повторно веднаш давајќи и својство на правосилност и извршност на исправата, иако знаела дека се исполнети законските услови за повлекување на привремената мерка со што парничните трошоци би паднале на товар на подносителот. И ова решение не го доставила до останатите странки во постапката, туку единствено до предлагачот, со што ги оневозможила да користат правен лек – жалба.

За да ги прикрие сите противправни дејствија во предметите, обвинетата судијка свесно ги уништила службените документи – повратници и не ги споила сите документи во списите на предметот.

Обвинетите сопственици ги употребиле ваквите исправи со невистинита содржина пред Агенцијата за катастар на недвижности за да внесат промени во имотните листови во корист на обвинетото правно лице. Со лажно прикажување факти од судските постапки тие нанеле значителна имотна штета на спротивната страна, а за себе прибавиле значителна имотна корист. Парничните трошоци за постапката ги наплатиле преку извршител, иако знаеле дека барањето за извршување им е засновано на исправа со невистинита содржина.


Можеби ќе ве интересира

ТАТКО СО ДВАЈЦА СИНОВИ ТИНЕЈЏЕРИ ОСТАНАА БЕЗ ПОКРИВ НАД ГЛАВАТА - страшен пожар го пеплоса нивниот стан, општината апелира за помош

ТАТКО СО ДВАЈЦА СИНОВИ ТИНЕЈЏЕРИ ОСТАНАА БЕЗ ПОКРИВ НАД ГЛАВАТА - страшен пожар го пеплоса нивниот стан, општината апелира за помош

ОБВИНИТЕЛСТВО ГОНИ ОСУМ ЛИЦА ЗА УБИСТВОТО НА МЛАДИОТ БУЊАКУ - криеле пиштоли, пукале во уште едно лице, еве што се случувало ноќта на убиството

ОБВИНИТЕЛСТВО ГОНИ ОСУМ ЛИЦА ЗА УБИСТВОТО НА МЛАДИОТ БУЊАКУ - криеле пиштоли, пукале во уште едно лице, еве што се случувало ноќта на убиството

„ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НЕ БИЛ ВО СИТУАЦИЈА НА СУДИР НА ИНТЕРЕС“: се огласија од обвинителство по објавата на Милошоски

„ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НЕ БИЛ ВО СИТУАЦИЈА НА СУДИР НА ИНТЕРЕС“: се огласија од обвинителство по објавата на Милошоски

Жител на Кривогаштани заврши во болница во Прилеп откако излетал од патот

Жител на Кривогаштани заврши во болница во Прилеп откако излетал од патот

„Коцевски, како јавен обвинител, направи сериозни грешки“: Филков вели оставката е логичен чекор

„Коцевски, како јавен обвинител, направи сериозни грешки“: Филков вели оставката е логичен чекор

„КОМПАНИЈАТА ДЕСЕТ ГОДИНИ УСПЕШНО ИЗВЕЗУВА НА ПАЗАРОТ ВО ИРАК“: Пецовски за работењето на Реплек во Бизнис муабети

„КОМПАНИЈАТА ДЕСЕТ ГОДИНИ УСПЕШНО ИЗВЕЗУВА НА ПАЗАРОТ ВО ИРАК“: Пецовски за работењето на Реплек во Бизнис муабети

МЛАДА ВЕЛЕШАНКА ГО НАПАДНАЛА ТАТКО СИ И ДЕТЕ - 13 ГОДИНИ: но, тука не застанала, па доби притвор

МЛАДА ВЕЛЕШАНКА ГО НАПАДНАЛА ТАТКО СИ И ДЕТЕ - 13 ГОДИНИ: но, тука не застанала, па доби притвор

„ДАЛИ НЕПРОЦЕСУИРАЊЕТО НА КРИВИЧНИ ДЕЛА Е ЗА ЗАШТИТА НА КАДАР ОД КОАЛИЦИЈАТА?“: Левица бара одговори за случувањата во ПИОМ

„ДАЛИ НЕПРОЦЕСУИРАЊЕТО НА КРИВИЧНИ ДЕЛА Е ЗА ЗАШТИТА НА КАДАР ОД КОАЛИЦИЈАТА?“: Левица бара одговори за случувањата во ПИОМ

„КЕШ ЗА ПРАВДА“: Милошоски за состојбите во судството 'спогодбата со Мемети и Георгиев аргумент плус за разрешување на Коцевски“

„КЕШ ЗА ПРАВДА“: Милошоски за состојбите во судството 'спогодбата со Мемети и Георгиев аргумент плус за разрешување на Коцевски“