19 Декември, 2025
0.0485

Tрансплантирана e коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2025 19:49

Добивај вести на Viber

Од Министерството за здравство информираа дека на Клиниката за ортопедски болести првпат е трансплантирана коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија. 

Извршена е трансплантација, со имплант, односно коска од починат донор, која е имплантирана на два прста кај 13 годишно дете со брахидактилија. 

Како што додаваат од Министерството, кај нас првпат е извршена ваков тип на трансплантација и детето е со уреден постоперативен тек.

„Изразувам посебна благодарност и честитки за целиот тим предводен од д-р Даница Поповска и доц.д-р Илир Шабани, како и сите здравствени работници кои учествуваа во оваа трансплантација – д-р Лилјана Ангелеска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарки Сузана Пејчиновска, Арјета Мемети, анестетичар Менка Дојчиновска, радиолошки технолог Крешник Шеху и гипсер Ирена Галевска. Ќе продолжиме со уште посилно темпо заедно со сите чинители да ја подигнуваме свесноста за овој највисок акт на човекољубие“, истакна проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Пред три години, на Клиниката за ортопедски болести во Скопје, првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат дарител. Тогаш 34-годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат дарител.

фото Министерство за здравство

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот