19 Февруари, 2025
0.0282

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Од Царинската управа на Македонија соопштија дека во текот на изминатите денови се спречени обиди за криумчарење на разна стока, а во еден случај е запленет автомобил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Во продолжение детали:

Царинска управа: запленети возило адаптирано за криумчарење, фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

- Во соработка со МВР, служба за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот е откриен на излез на граничен премин Табановце, каде со мобилен скенер е извршено скенирање на автомобилот, при што се откриени бункери во праговите. Автомобилот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автомобилот, инаку македонски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи.

- Околу 130 парчиња облека и обувки се пронајдени во куфери и кеси сместени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички, со којшто двајца македонски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Меџитлија.

- 67 парчиња облека се откриени од мобилен царински тим при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничниот премин Дојран.

- 329 кинезиолошки траки за поддршка на мускулите се пронајдени во багажник на автомобил со германски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

- 2.900 делови за ПВЦ прозорци (оков) се откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничниот премин Блаце.

- 156 детски играчки со ознаки на заштитени трговски марки се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Истите се откриени при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за фирма од Струмица, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струмица.

- Во друг случај мобилен царински тим заплени 406 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Истите се откриени при контрола на стока во транзитна постапка со потекло од Турција.

- 111 парфеми и тоалетни води се пронајдени во багажник на автомобил со германски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце.


Можеби ќе ве интересира

АГЕЛЕР: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата

АГЕЛЕР: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата

ОБЈАВЕНИ КОНКУРСИТЕ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДИИ ВО СТРАНСТВО: Има повеќе измени и нови услови

ОБЈАВЕНИ КОНКУРСИТЕ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДИИ ВО СТРАНСТВО: Има повеќе измени и нови услови

ЌЕ СЕ НОСИ НОВ ЗАКОН ЗА ДА СЕ ЗАВРШИ АВТОПАТОТ ДО ОХРИД - надлежните најавуваат дека до крајот на следната година ќе биде комплетиран

ЌЕ СЕ НОСИ НОВ ЗАКОН ЗА ДА СЕ ЗАВРШИ АВТОПАТОТ ДО ОХРИД - надлежните најавуваат дека до крајот на следната година ќе биде комплетиран

„ДА БЕ, ЛЕПЕНКА МИ Е ДО ВИЛАТА НА ЗАЕВ, ТАМУ КАДЕ ШТО...“ - Апасиев жестоко возвраќа на наводите дека купува имот во Неа Флогита

„ДА БЕ, ЛЕПЕНКА МИ Е ДО ВИЛАТА НА ЗАЕВ, ТАМУ КАДЕ ШТО...“ - Апасиев жестоко возвраќа на наводите дека купува имот во Неа Флогита

„ЕВЕ ПО КОЈА МЕТОДОЛОГИЈА РАБОТЕШЕ СЈО И ОЈО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СВЕДОЦИ ЗА ЛАЖНИ СВЕДОЧЕЊА“: Груевски ја открива „шемата“

„ЕВЕ ПО КОЈА МЕТОДОЛОГИЈА РАБОТЕШЕ СЈО И ОЈО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СВЕДОЦИ ЗА ЛАЖНИ СВЕДОЧЕЊА“: Груевски ја открива „шемата“

ЦЕЛА ГОДИНА АПАРАТОТ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА НЕ РАБОТИ: Пациентите мора да патуваат во другите градови

ЦЕЛА ГОДИНА АПАРАТОТ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА НЕ РАБОТИ: Пациентите мора да патуваат во другите градови

СКЛУЧИЛ ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ПРОСТОРИИ ПО ДВОЈНО ПОВИСОКА ЦЕНА - нова пријава против Перпарим Бајрами, еве за што го гонат

СКЛУЧИЛ ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ПРОСТОРИИ ПО ДВОЈНО ПОВИСОКА ЦЕНА - нова пријава против Перпарим Бајрами, еве за што го гонат

ДУИ СЕ НАЛУТИ: Имало етничко исклучување во тајните служби

ДУИ СЕ НАЛУТИ: Имало етничко исклучување во тајните служби

ПРЕМИЕРОТ СЕ ПОФАЛИ – ДОБИВМЕ ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛОН ЕВРА: Прочистувачи на воздух од германска компанија

ПРЕМИЕРОТ СЕ ПОФАЛИ – ДОБИВМЕ ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛОН ЕВРА: Прочистувачи на воздух од германска компанија