02 Јануари, 2025
0.0391

Јанкуловска: Празниците се мигови на споделување, влогот во осигурување е влог во иднината на оние кои ни значат

Објавено во: Мои пари 30 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Празниците се најубавите моменти за споделување, за дарување и покажување на внимание на оние кои најмногу ни значат. Тоа е период кога најчесто се прашуваме што да им подариме на нашите најдраги. Убаво е тоа да биде подарок со подлабоко значење, вели Билјана Јанкуловска од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Влогот во осигурување е влог во иднината на оние кои ни значат. Тоа е начин да се изразат нашите најубави желби кон најблиските. За оние кои се уште не избрале подарок останува можноста да ја искористат акцијата Касичка и да добијат ПОДАРОК дополнително детско осигурување со штедење. За секоја склучена полиса за детско штедно осигурување предвидено е гратис дополнително осигурување на деца од последици на несреќен случај (незгода) склучено кон детско штедно осигурување, согласно избраниот пакет, за првата година од траењето на договорот за осигурување.“-вели Јанкуловска.


Таа појаснува дека оваа полиса е одлична можност за осигурување на живот со штедење со бројни предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации.СН Осигурителен Брокер А.Д Битола во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје за секоја склучена полиса за детско штедно осигурување во период од 01.10. - 31.12.2024 година, подарува дополнително осигурување на деца од последици на несреќен случај (незгода) склучено кон детско штедно осигурување, согласно избраниот пакет, за првата година од траењето на договорот за осигурување.

„Сигурноста на детето е највисок приоритет за секој родител. Поседувањето на полиса за осигурување на живот е еден од најдобрите начини да се намали ризикот од непредвидени финансиски оптоварувања предизвикани од несакани случувања. За да се заштитат во вакви случаи сега на родителите на располагање им е полисата Касичка која овозможува детско осигурување со штедење.“-вели Јанкуловска.

Но осигурителните продукти не се добар подарок само за децата, туку за целото семејство. Животното осигурување е нешто од што бенефит имаат сите членови на семејсвото. „Животното осигурување е продукт кој што нуди долгорочна заштита и сигурност. Наједноставно кажано тоа е продукт со кој вие штедите за себе, а од друга страна ви овозможува помирно да спиете бидејќи знаете дека што и да се случи, веќе сте ги обезбедиле вашите најдраги. Постојат различни пакети и секој може да избере она што е соодветно за него во однос на неговите потреби и финансиски можности.“-вели таа.

„Имаме и одлични производи со кои клиентот покрај тоа што е животно осигуран, тој во исто време и инвестира со што има можност за принос многу поголем од оној кој би го остварил при традиционално вложување на средствата. Исто така имаме и производ наменет за лица кои имаат слободни или орочени парични средства, а воедно сакаат да имаат и животно осигурување. Со него покрај добивката, односно бонусот за еднократната уплата, добиваат и животно осигурување, како најсигурна заштита на семејството од несакани последици.“-појаснува Јанкуловска.

Таа вели дека преку празничните акции СН Осигурителен Брокер АД Битола сака да им ја честита новата 2025, посакувајќи им успешна и сигурна година исполнета со среќа и радост.

Појаснува дека сите тековни понуди и акции граѓаните може да ги следат на веб страната на СН Осигурителен Брокер АД Битола http://www.snbroker.mk како и на телефонот 15 770.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Како да управувате со вашиот долг?

Како да управувате со вашиот долг?

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

Предновогодишна донација за Одделот за психофизиологија при Универзитетската клиника за детски болести

Предновогодишна донација за Одделот за психофизиологија при Универзитетската клиника за детски болести

Стопанска банка ќе финансира 11 нови проекти за подобрување на условите во општеството за лицата со попреченост

Стопанска банка ќе финансира 11 нови проекти за подобрување на условите во општеството за лицата со попреченост