Јанушев: Ова е хајка, линч, и класична злоупотреба на полицијата
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2018 22:41
Oд ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес-конференција изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада.
Игор Јанушев, генерален секретар вели дека ова е хајка, линч, и класична злоупотреба на полицијата.
„Она што вечерва го прават неговите хорди, не е помирување. Овој притисок е удар врз опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе ситре правни средства за заштита“, вели Јанушев.
Порача дека оние кои ова го нарачале ќе дојде време кога ќе одговараат.
Јанушев вели дека 8 месеци не контактирал со Никола Груевски.
За себе Јанушев рече дека бил претресен.
Се надева дека нема да се дрзнат од полицијата да влезат во штабот, но рече дека можат да ги прошетаат за да се уверат дека Груевски не е таму. Каде би можел да биде, рече дека не знае, и дека има шпекулации.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




