Јанушев се повлекува, а Мицкоски кажа дека има полн легитимитет за водење на партијата
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2020
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека понудил вонреден конгрес, на кој нема да биде кандидат за претседател, но на Централен комитет ова е одбиено.
„Понудив одржување на вонреден Конгрес, на кој јас нема да се кандидрам за претседател. Беше одбиено од членовите на Централниот комитет“, вели Мицкоски.
Изјави дека ова му дава полн легитимитет за водење на партијата.
„Предложив нов состав на ИК - потпретседатели Александар Николовски и Владо Мисајловски, членови Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска-Кочовска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков, Антонио Милошевски, Вело Марковски, Дафина Стојановска, Олга Стојановска. Поради лични причини се повлече Игор Јанушев. Тој продолжува да придонесува и помага во партијата. Наскоро ќе избереме нов генерален секретар, претседателка на Унијата на жени и на ветераните. ВМРО-ДПМНЕ има една единствена цел - победа над мафијата, неправдите и злотото над Зоран Заев. Ова е мафија која уценува, поткупува, тепа. Ова нема да биде лесна задача. Македонските граѓани имаат очекувања само од ВМРО--ДПМНЕ. И затоа секогаш ќе бидеме предмет на напад. Нашата задача е да се одбраниме од политичките хиени. Опозицијата во оваа држава е посилна од власта и власта треба да се плаши од правдата“, рече Мицкоски.
Реалноста покажува дека самата Влада е на стаклени нозе, рече тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.