16 Октомври, 2024
0.1443

Јапонска вечер во Limak Skopje Luxury Hotel – егзотични вкусови од земјата на изгрејсонцето

Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Тајните на јапонската кујна и егзотичните вкусови на Далечниот исток, ќе бидат претставени на Јапонска вечер, што ќе се одржи во Limak Skopje Luxury Hotel на 25 октомври годинава. Земјата која се одликува со големи контрасти, специфична култура, уникатна природа и богата традиција, овој пат беше инспирација за организација на една од познатите вечери на Limak Skopje Luxury Hotel.

Од изобилството гастрономски задоволства што ги нуди јапонската кујна, тимот на искусни и вешти готвачи на хотелот за вечерта посветена на јапонски специјалитети одлучи да подготви јапонска крем супа чаванмуши (chawanmushi), крокети од говедско месо короке (korokke) и пржено пилешко месо на јапонски начин (karaage). Десертот е чизкејк од јапонски зелен чај мача.

Типичните јапонски јадења ќе бидат придружени со карактеристични јапонски пијалаци, како саке, додека автентичната јапонска музика ќе го комплетира амбиентот за уживање во јапонска храна.

Во традиционалната јапонската кујна преовладуваат ориз, зеленчук и риба, додека помалку се консумираат црвено месо и млечни производи. Соја-сосот е редовен придружник на јадењата, а поради својата уникатност, јапонската традиционална кујна е дел од репрезентативната листа на УНЕСКО за културно наследство.

Јапонската вечер ќе се одржи на 25 октомври со почеток во 20.30 часот во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат сите дополнителни информации.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Дали за 10 години ќе го поставуваме прашањето „се сеќавате ли кога луѓето пушеа цигари?

Дали за 10 години ќе го поставуваме прашањето „се сеќавате ли кога луѓето пушеа цигари?

Стефан Стојановиќ пречекан со сите почести во карате клубот „Макпетрол“

Стефан Стојановиќ пречекан со сите почести во карате клубот „Макпетрол“

Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија

Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија

ПроКредит го лансираше Предраг – првиот дигитален банкарски асистент кој ги доближува корисниците до иднината на дигиталното банкарство

ПроКредит го лансираше Предраг – првиот дигитален банкарски асистент кој ги доближува корисниците до иднината на дигиталното банкарство

Во пресрет на Меѓународниот ден на борба против гладта вработените во НЛБ Банка донираа храна за лица во социјален ризик

Во пресрет на Меѓународниот ден на борба против гладта вработените во НЛБ Банка донираа храна за лица во социјален ризик

Defender во смела џез авантура – ексклузивен спонзор на Скопски џез фестивал

Defender во смела џез авантура – ексклузивен спонзор на Скопски џез фестивал

Атс Груп изложувач на престижниот саем за одбранбена индустрија во Соединетите Американски Држави

Атс Груп изложувач на престижниот саем за одбранбена индустрија во Соединетите Американски Држави

СТОКОМАК ГЛАВНА МЕТА ЗА СРПСКИТЕ МЕДИУМИ

СТОКОМАК ГЛАВНА МЕТА ЗА СРПСКИТЕ МЕДИУМИ

Сите зборуваат за овој оглас: Германска компанија дава до 1.000 евра бонус за добредојде – потребен е само 1 услов за вработување

Сите зборуваат за овој оглас: Германска компанија дава до 1.000 евра бонус за добредојде – потребен е само 1 услов за вработување