07 Декември, 2025
0.0421

Нов рекорд на берзата! Кој ќе земе 1.985 евра дивиденда за акција?

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Нов рекорд на берзата! Кој ќе земе 1.985 евра дивиденда за акција?

Компанија која постои веќе 35 години, според достапни расположливи податоци, е субјект што ќе исплати наголема дивиденда по акција во нашата 30 годишна корпоративна историја

Ова вест која веројатно долго време ќе остане запишана во аналите на македонската корпоративна историја. Во овие 30 години постоење на берза и тргување со акции во Македонија не се случило компанија на своите акционери да им подели дивиденда во вредност од 1.985 евра за секоја акција со право на глас и право на дивиденда.

Всушност станува збор за следново: скопската авторска агенција „Патентенцентар – консалтинг“ АД од Скопје ќе подели дивиденда во вкупен нето износ од 197.500 евра на своите акционери. Компанијата има 100 акции (гласачки права) и секоја од нив на сопственикот му носи нето дивиденда во износ од 1.985 евра односно 122.088 денари за секоја акција. Сите објавени детали за одлуката за доделување на најголемата дивиденда по акција во македонската историја се достапни на следниот линк 

Компанијата „Патентенцентар – консалтинг“ при пребарување на интернет излегува како компанија посредник за заштита на интелектуална сопственост. За сите заинтересирани повеќе детали за нивната работа има на следниот линк https://www.patentcentar.mk/

На нивниот сајт пишува дека се прва македонска приватна агенција за интелектуална сопственост основана во сега веќе далечната 1990 година. Пишува дека од основањето досега дале услуги на повеќе од 35.000 поединци и на над 4.500 правни лица од областа на науката, образованието, уметноста и на медиумите за масовна комуникација.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени