05 Декември, 2025
0.0620

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ В.Д. ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР СЀ ДО КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ПОЛНИОТ СОСТАВ НА НАЈВИСОКОТО ТЕЛО - новини во Стопанска банка Битола

Објавено во: Финансии 15 Октомври, 2024 13:35

Добивај вести на Viber

Откако одлучија да продолжат сами, односно не ја прифатија понудата за купување од Комерцијална банка, во Стопанска банка Битола се случуваат промени во органите на управување.

Имено, додека целосно да се комплетира составот на Управниот одбор, еден член од Надзорниот одбор ќе биде вршител на должноста член на УО. Станува збор за Борислав Атанасовски. 

„До финализирање на постапката за комплетирање на целосен состав на Управниот Одбор, со Одлука од Надзорниот одбор за вршител на должност - член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола од редот на членовите на Надзорниот одбор на Банката се именува м-р Борислав Атанасовски“, се вели во објавата од Стопанска банка Битола на Берзата. 

Според веб страната на банката, во моментов членки на Управен одбор се Александра Радевска, која е и претседател на ова највисоко управно тело, и Гордана Балтовска.

Како што веќе пишуваше Фактор, Александра Радевска беше именувана за член и претседател на Управниот одбор на почетокот на јуни оваа година. 

Се до ноември минатата година, пак, претседартел на Управниот одбор на Стопанска банка Битола беше Владимир Ефтимовски, но тој, после долги години успешно менаџирање, поднесе оставка. Тогаш Банката објави дека на негово место, за претседател на УО, е избрана Радевска. 

Инаку Радевска се вклучи во тимот на Управниот одбор, односно стана нов член на УО во јуни минатата година. Александра Радевска е дипломиран економист, магистер по економски науки од областа на сметководството и ревизијата. Таа досега била член на Надзорниот одбор на Банката во неколку мандати од 2013 година. 

Во октомври лани, пак, за член на Управниот одбор на банката повторно беше назначена Гордана Балтовска, додека, пак, за член на Надзорниот одбор беше назначен Борислав Атанасовски. 

Според веб страната на банкта, покрај Борислав Атанасовски, други членови на Надзорниот одбор се познатиот бизнисмен Антони Пешев, како и Гордана Гацова и Стевчо Јолаковски. 

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката