19 Декември, 2025
0.0436

„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024 13:19

Добивај вести на Viber

На денешното рочиште, полицискиот началник Музафер Калишиќ изнесе нови шокантни детали во врска со случајот на исчезнатата и пронајдена мртва девојка, Вања Ѓорчевска. Сведочењето фрли светлина врз морничавиот тек на настаните и учеството на обвинетиот Влатко Кешишов, кој во својот исказ го посочи и првообвинетиот Љупчо Палески – Палчо.

Според Калишиќ, Кешишов, кој бил приведен поради сомнежи за исчезнувањето на Панче Жежовски, инсистирал да заминат сами на „едно место“, плашејќи се дека Палчо би го убил ако дознае што ќе открие.

„Прво нè однесе до запалено возило, еден стар 'цитроен', за кој веќе знаевме. Таму се колебаше – сакаше да каже нешто, но потоа се премислуваше. Конечно рече: 'Ајде ќе ве однесам до местото,' и продолживме да возиме според неговите насоки“, сведочеше Калишиќ.

Откако стигнале до отворен простор кој служи како депонија, Кешишов со одмавнување на главата покажал кон перници и душеци. „Таму кај перниците,“ рекол и додал: „Стоев на 20-30 метри од нив кога ја фрлија девојката.“ Полицајците започнале да копаат на местото што го покажал. „Го прашав кој е таму, а тој ми одговори: 'Таму е маленкото што го барате.' Копавме сè додека не го видовме носот и едната нога на девојчето. Потоа запревме,“ раскажа началникот со тежок тон.

Според сведокот, обвинетиот Кешишов изразил чувство на вина. Според неговите зборови, заедно со Палчо и уште едно лице ја однеле и ја фрлиле Вања на депонијата. Кешишов му открил на Калишиќ: „Знаеш ли кој беше во запалениот 'цитроен'? Тоа беше убиениот Панче.“

Судењето продолжува со нови сослушувања и анализи, додека јавноста со нетрпение очекува да се дознае целосната вистина.

фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот