Во пресрет на Меѓународниот ден на борба против гладта вработените во НЛБ Банка донираа храна за лица во социјален ризик
Објавено во: Мои пари 15 Октомври, 2024 12:20
Во пресрет на 16 октомври, Меѓународниот ден на борба против гладта,НЛБ Банка во соработка со организацијата на Црвениот крст реализираше акција во која вработените на Банката донираа храна и парични средства за набавка на храна за лица во социјален ризик.
Меѓународниот ден на борба против гладта оваа година е посветен на темата „Право на храна за подобар живот и подобра иднина “. Овој ден има за цел да ја подигне глобалната свест за пристап до доволно и квалитетна храна за сите.

“За жал многу семејства и поединци секојдневно се соочуваат со проблемот на недостиг на храна. Храната е најголем приоритет кој треба да се обезбеди, за да се соберат сили да се надминат и другите животни предизвици. Оваа иницијатива е дел од нашите напори да правиме добри дела, да ја поттикнеме општествената одговорност и да создаваме подобар свет. Хуманоста и посветеноста на нашиот тим ги рефлектираат нашите основни вредности како Банка за грижа и поддршка на заедницата. “- велат од НЛБ Банка.

Оваа година, организацијата на Црвениот крст ја реализира кампањата под мотото „Помислете и на нас“, со што се вклучува во глобалните акции за борба против гладта. Целта е да се подигне свеста на јавноста за проблемите со сиромаштијата и да се даде поддршка на општествено одговорните компании кои сакаат да пружат помош.
НЛБ Банка упатува искрена благодарност до своите вработени кои донираа храна и парични средства и ги охрабрува и останатите компании и поединци да се вклучат во хуманитарната акција за поддршка на ранливите категории во заедницата.

ПР објава
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




