Божидар Јанковски планира јавна понуда на акции за „Дајнерс клуб Македонија“
Објавено во: Економија 15 Октомври, 2024
Божидар Јанковски планира јавна понуда на акции за „Дајнерс клуб Македонија“
Божидар Јанковски, сопственикот на „Дајнерс клуб Македонија“, најавува јавна понуда на акции (ИПО) со што ова акционерско друштво би привлекло инвеститори и би станала котирана компанија на Македонската берза.
Бизнисменот вели дека „ФД Динерс Клуб Интернационал МАК АД Скопје“ во моментов е во контакт со консултанти од странство кои треба најдобро да кажат како тоа да се организира. Компанијата во моментов е единствената институција која издава кредитни картички, а чека дозвола од Народна банка да работи со услугите во платниот промет.
- Консултациите се во тек и со луѓето од „Македонска берза“, а колку акции би биле понудени,тоа засега може да биде само една груба идеја, која сепак е сериозна. Во овој момент може да се каже само тоа дека процесот е започнат. До крајот на 2025 очекувам „Дајнерс клуб Македонија“ да котира на Македонската берза, вели Јанковски за „Фактор“.
Во март 2022 година „Дајнерс клуб Македонија“ се трансформира во акционерско друштво без промена на сопственоста и уште тогаш најави дека клучна идна цел се зголемување на транспарентноста и на отвореноста и привлекување нови инвеститори преку ИПО и котација на берзата.
Со котирањето на „Дајнерс клуб Македонија“.на „Македонска берза“ ова финансиско друштво ќе може да тргува со своите акции.
Инаку Јанковски за ова говореше на годишната конференција на Македонската берза, која се одржа минатиот месец во Охрид.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.