„ЈАС ЛИЧНО ОДЛУЧИВ ДАНЕЛА ДА НЕ БИДЕ ПОКАНЕТА“: Претседателот на Младинскиот олимписки комитет потврди дека не и испратил покана на градоначалничката
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2025 07:10
Даниел Димевски, претседател на Младинскиот олимписки комитет во гостувањето на поткастот кај Стефан Лазаров рече дека тој одлучил градоначалничката на Скопје да не биде поканета на отварањето на Младинските олимписки игри.
На прашањето на Лазаров, дали навистина не добила покана и била исклучена, тој рече дека нејзината изјава е претенциозна.
„Изјавата е доста претенциозна, дека градоначалничката ја донела олимпијадата во најмала рака е несериозно, бидејќи градоначалничката беше поканета да биде гостин на Олимпискиот комитет и како град во кој што ќе се случува настанот да се појави во формата на коорганизатор, бидејќи тоа е формата која што секогаш се случува каде имаме домаќин, се појавува и градот како коорганизатор“, рече тој.
На прашањето дали ја поканиле Арсовска за церемонијата на отварањето, Димевски вели дека не ја поканил.
Јас лично одлучив да не биде поканета, бидејќи за да бидете поканети, треба да ја заслужите поканата. Да ја заслужите поканата, треба да ги извршите обврските кои што од вас се очекуваат. Мислам дека со поведението се самоисклучи, а чинот на недобивање покана беше лично мој“, вели Димевски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




