„ЈАС НЕ ГО ИЗБРАВ ГАШИ ЗА СПИКЕР, ИСТО КАКО ШТО НЕ ГО ИЗБРАВ АПАСИЕВ ЗА СОРАБОТНИК НА КАТИЦА ЈАНЕВА И ДА ГИ ДОНЕСЕ ЗАЕВ И ЏАФЕРИ НА ВЛАСТ“: Владо Јовановски распали за лидерот на Левица
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024 07:00
Ходочасникот кој одеше на поклонение на гробот на албанскиот диктатор, стави коментар на сликата:
Е ОВДЕ ЌЕ СЕДИ ГАШИ!
Кога ми јавија дека на ф.б. се проширила таква манипулација со мојот лик и ликот на мојот другар, брат и соборец, Дурловски, одреагирав со иста мера на провокацијата, постирајќи ја истата со текст:
Е ОВДЕ НЕМА ДА СЕДИ ДИМИТАР АПАСИЕВ!
Сепак недоволно за да се ублажи штетата што ни беше нанесена.
До тогаш па и сега, не ја имам гледано конститутивната седница на собранието на Р.М. ниту пак знаев на кој јазик зборувал Африм Гаши.
Секако дека требало да зборува на Македонски јазик, кој е официјален јазик во Р. М. и основен код за разбирање помеѓу Македонскиот народ и сите други етнички заедници.
Но нејсе, ниту јас го избрав Гаши за спикер, ниту се согласувам со него на оваа многу значајна тема.
Исто како што не го избрав јас Апасиев за соработник на Катица Јанева, ниту го праќав во шарената револуција, да ги донесе Заев и Џафери на власт, а со тоа и сите погубни договори за Македонија.
Се' она, против кое ние од "Заедничка Македонија", се боревме и се обидувавме да го спречиме.
Но нејсе, Апасиев си доби лајкови на постот, извртувајки ја вистината, со што неговата суета е задоволена.
Неговите следбеници кои се очајни зашто се опозиција заедно со СДС и ДУИ, ја истурија целата нивна несреќа на мојов ѕид и толку.
"Секое чудо за три дена"!
Се' до следниот егзибиционистички пост или настап на Енверистот, Аџи Димче - идолопоклоник!
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




