18 Јануари, 2025
0.0508

ЈАС СУМ ЈАНЕВА, КАТИЦА ЈАНЕВА: Македонија како во филм со Џемс Бонд!

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Откако Катица Јанева и нејзиниот тим од СЈО, по 48 часа убедувања и опструкции, успеаја да ги земат бараните податоци од УБК, ситуацијата доби уште подраматичен тек. Во моментот кога специјалната обвинителка вечерта гостуваше на интервју во една скопска телевизија, еден истражител и избркаа од Управата за безбедност и контраразузнавање, а друг го приведоа во полициска станица.

Додека Јанева на телевизија објаснуваше дека СЈО од УБК обезбеди дел од документите кои ги бараше со судски налог, стигна вест дека дежурниот истражител бил избркан од просториите на Управата. А, малку потоа и дека друг истражител кој бил на работна задача да го фотографира домот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е уапсен и приведен во П.С. Беко.

Катица Јанева засилена со обвинителката Ленче Ристоска и уште неколку свои колеги, веднаш се упати кон полициската станица каде што полицијата го држеше нејзиниот вработен. По само 10 минути истражителот беше ослободен, а Јанева само кусо изјави:

„Си го земавме истражителот и тој доаѓа со нас. Сега одиме во УБК, каде што на дежурство се наоѓа уште еден наш истражител и продолжуваме со работа. Тој беше на работна задача на едно место, за да лоцира едно лице дали таму живее. Прашајте го командирот на станицата зошто го привел колегата“, изјави Јанева.

„Отвори, отвори“!

Но, кога тимот на СЈО стигна пред МВР наиде на затворени порти. Дојдоа да побараат одговори зошто нивниот колега бил избркан од УБК, но не им беше дозволен влезот во кругот на министерството. Јанева не с е откажуваше и на дежурниот полицаец упорно му велеше:

„Отвори, отвори!“.

По неколку телефонски разговори кои ги направи сепак вратите им беа отворени и екипата на чело со Јанева влезе внатре. Не останаа долго време, имаа само блиц средба на која добиле уверување од министерот Спасовски дека во УБК нема да влезат натрапници.

-„Дојдовме да видиме што се случува со нашиот истражител кој што веќе не е во УБК, заради тоа го повикавме министерот. Од него добивме уверување дека обезбедувањето на МВР ќе се погрижи за безбедноста на објектот за вечерва и во текот на утрешниот се надеваме дека се работело за недоразбирање со УБК и дека тоа недоразбирање очекуваме очекуваме во текот на утрешниот дека ќе биде надминато. Добивме сигурни уверувања дека во текот на ноќта не може ништо да се случи. Односно дека нема да има никакви изнесувања на опрема или било што од кругот на МВР“, изјави обвинителката Ристоска.

Кратка прес конференција одржа и министерот Оливер Спасовски на која објасни за двата случаи со истражителите на СЈО – и избрканиот и приведениот.

„ Имавме средба, разговаравме и ја имаат мојата целосна поддршка, како што ја имаат во целиот овој процес и ги расчистивме работите. Специјалната јавна обвинителка го повлече истражителот, бидејќи најверојатно имаат недоразбирање во начинот на договор со УБК и во моментот кога ќе се обезбедат техничките услови со присуство на човекот од Ериксон да се докомплетира постапката, бидејќи две третини од наредбите се извршени, само треба јавноста да знае дека нема никаков проблем и дека судските наредби ќе бидат извршени до крај” - рече Спасовски.

Спасовски објасни и зошто другиот истражител бил повикан на информативен разговор и кој ја издал наредбата за негово спроведување во полициската станица Беко.

“Истражителот на СЈО кој што беше во Беко денеска бил забележан како фотографира објект каде го забележало обезбедување на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, и тој бил повикан на разговор во станицата Беко. Направен е првичен разговор, понатаму е најавено во јавното обвинителство и по насока на јавниот обвинител е побарана негова изјава и целиот предмет е предаден во Јавното обвинителство, а истражителот е пуштен” - рече Спасовски.

СЈО одзеде најголем дел од податоците од тајната полиција

Инаку во текот на вчерашниот ден СЈО одзема најголем дел од податоците од УБК за прислушуваните разговори кои се предмет на нивен интерес. Оттаму соопштија:

„Одземени се сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите“.

СЈО во УБК пред два дена влезе со судски налог во потрага по клучните докази кои ќе одговорат на прашањата кој и како прислушувал во Македонија и кој бил прислушуван. Специјалната обвинителка Катица Јанева од УБК побара преземање на документацијата за решенијата за посебни истражни мерки во периодот од 2008 до 2015 година и листинзи на телефонски броеви што биле следени од УБК во тој период.

СЈО отвори три истраги поврзани со следењето на комуникации. Првата е случајот Тврдина и се однесува на уништување на систем за прислушување. Во овој предмет осомничени се двајца началници од УБК, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Вториот предмет е обвинението против седум лица за уништување и фалсификување на документација поврзана со неовластеното прислушување, а првообвинет е поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујовски.

А, најновата пред истражна постапка е со цел да се утврди кој прислушувал и како. Токму затоа на СЈО му беа потребни книгите за евиденција и компјутерските податоци, бидејќи процедурите за ПИМ мерките го кријат клучот за злоупотребата на опремата за прислушување во Управата за разузнавање и контраразузнавање.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година