20 Мај, 2024
0.0256

„Јас внимавам“ со едукативни видеа ќе влијае на свеста на учесниците во сообраќајот

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Кампањата „Јас внимавам“ на компанијата ОКТА, преку едукативни видеа, ќе ја зголемува свеста за безбедноста во сообраќајот. Секое од видеата обработува некоја од најчестите причини за секојдневните сообраќајни незгоди. Главната цел е преку содржината на овие видеа да се информира за опасностите што ги создава непочитувањето на сообраќајните правила, како и да се поттикне поголема внимателност кај сите учесници во сообраќајот.

Првото од серијата видеа за кампањата „Јас внимавам“се однесува на употребата на мобилен телефон и од страна на возачите и од страна на пешачите. Видеото е поставено на линкот,а истото ќе биде достапно и на социјалните мрежи.

Кампањата за зголемување на свеста за безбедноста во сообраќајот „Јас внимавам“ се спроведува веќе трета година по ред. Иницирана е од ОКТА, со цел подобрување на состојбите во сообраќајот, а компанијата оваа општествено одговорна активност ја реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи. Во спроведувањето на наменски создадените активности преку едукации, донации во училиштата низ државата и наградување на совесните возачи, ги опфати сите категории и возрасни групи активни учесници во сообраќајот. Заради сеопфатноста и добрата таргетираност, ефектите од истата беа препознаени и кампањата доби поддршка од голем број јавни личности што ја прифатија иницијативата и ја промовираа нејзината цел. Кампањата „Јас внимавам“ во 2017 година беше наградена како најдобра Национална општествено одговорна практика во категоријата големи компании. 


Можеби ќе ве интересира

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“