26 Ноември, 2024
0.0286

Јавноста го очекува ставот на Џолев за пресудата за Млечен, семејството денеска ќе поднесе претставки

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска се очекува семејството на трагично загинатиот Гоце Димитриевски, кој пред две години беше удрен од џип, а сторителот доби само условна казна, да поднесе претставка до надлежниот суд во врска со оваа пресуда, која ја дигна на нозе јавноста во земјава.

Дека правдата ќе продолжи да ја бара низ судските процедури вчера најави сопругата на Гоце, Наташа Апостолоска- Димитровска, која и самата била повредена во сообраќајката, а го изгуби и плодот.

Таа рече дека има низа забелешки и за тоа како се водел целиот судски процес.

„Пропуст има уште во СВР Скопје кога го прават записникот. Наведено во записникот е дека моторот не бил регистриран. Си беше регистриран, Гоце си имаше положено за соодветна категорија, двајцата си носевме заштитна опрема, наместо тоа обвинителството да го истражи..., таа борба со СВР Скопје ја водев сама, потоа документи во однос на плодот, исто сама си водев. На крајот обвинителот само дојде за да си води, и да не најде време да слушне пресуда“, изјави Димитриевска.

А деновиве реагираше и таткото на загинатиот Гоце. Тој очекува дека ќе биде поништена оваа скандаозна одлука и не ни помислува правдата да ја земе во свои раце. 

Денеска се очекува нешто повеќе да каже на оваа тема и претседателот на Кривичниот суд Скопје, Иван Џолев, која за време на викендот побара време да собере информации, па потоа да се произнесе за случајот.

А дали ќе се појави во јавноста со свој став и судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, која всушност и ја изрече пресудата, останува да се види. Таа нема свој профил на фејсбук или на другите социјални мрежи, и досега никој ја нема слушнато нејзината страна на приказната.

Досега јавноста не го слушна ставот ниту на Васил Ч., бизнисмен од Тетово, кој всушност е сторителот на ова дело.

За спорната пресуда за сообраќајката која се случи пред две години кај Млечен ресторан јавноста дозна откако сопругата на Гоце Димитриевски, Наташа, излезе со жестока реакција на социјалните мрежи.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили