15 Декември, 2025
0.0762

ЈАВНОСТА ЗГРОЗЕНА ОД НЕСОВЕСНИ РОДИТЕЛИ: Колку често се одзема родителско право?

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2019 06:52

Добивај вести на Viber

Помалку од десет постапки се поведени лани за одземање на родителско право, при што дел од нив имаат епилог, а некои уште немаат судска разрешница.

Но, во земјава ретко се одзема родителското право.

Според податоците добиени од ЈУ Завод за социјални дејности лани на ниво на држава имало 8 постапки за одземање на родителско право, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Во 6 случаи постапката пред судот е отпочната од страна на Центар за социјална работа, а во 2 случаи била отпочната од страна на другиот родител.

„Од досегашниот пресек на податоци со коишто располага ЈУ Завод за социјални дејности заклучно со јуни годинава не е покренато ниту една постапка за одземање на родителското право. Родителското право според Закон за семејство се одзема на мислење издадено од Центар за социјални работи со решение на судот во вонпарнична постапка. Најчести причини за одеземање на родителското право на родителот коешто е предвидено во Законот за семејство се злоупотреби на детето или грубо занемарување на родителскоте обврски“, велат од МТСП.

Oд основниот граѓански суд Скопје велат дека лани во согласност со податоците од оперативниот систем АКМИС што судот го користи за работа евидентирани се 6 предмети со основ одземање на родителско право.

„Од вкупниот број 6 предмети, со бараниот основ во 3 предмети донесени се одлуки со кои предлогот за одземање на родителско право е повлечен, во 2 предмети е отфрлен, и уште еден предмет сѐ уште е во тек“, одговараат од судот.

Од Првата детска амбасада во светот Меѓаши во периодот од ноември 2017 до ноември 2018 година регистрирале 9 случаи во кои се прекршени детските права при бракоразводна постапка, а годинава од јануари досега има 7 такви случаи. Дојавите најчесто се од едниот родител или од бабите, дедовците.

Минатиот месец јавноста ја потресе случајот со децата кои беа заклучени во автомобил во Лисиче, а деновиве се појави и нов случај, со жена од Штип која ја принудувала својата малолетна ќерка на проституција. Девојчето било принудено за 1.000 до 1.500 денари да дава сексуални услуги на возрасни мажи. Од МТСП соопштија дека девојчето е на сигурно, а случајот се истражува.

Сања Атанасовска

Foto: Profimedia/ilustracija

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“