Јемен повторно во крв: Исламистите егзекутираа 25 воени лица
Објавено во: Свет 21 Март, 2015 20:00
Ден откако Јемен беше потресен од терористички бран, земјата повторно е зафатена од трагедија. Вооружени екстремисти егзекутираа над 25 јеменски војници во јужниот град Ел Хаута.
Во петокот 150 лица загинаа во напади во две џамии во главниот град Сана. Во северниот град Саад во експлозија загинаа 33 лица. Вкупниот број на повредените е над 300 лица.
Одговорност за нападите во главниот град ја презеде групата „Исламска држава“.
Во меѓувреме, екстремисти поврзани со „Ал Каеда“ го презеле градот Хоута во јужниот дел на Јемен. Тој е сместен северно од градот Аден. Според извештаите на очевидци, вооружени мажи влегле во градот со автомобили на кои имало обесени црни знамиња.
Тие ги презеле локалните касарни и владините згради, кога ги убиле вработените на безбедносните сили, кои одбиле да се предадат. Во последните неколку години во јужниот дел на Јемен дејствува големата ќелија на „Ал Каеда“.
Во саботата американската команда почна евакуација на околу 100 лица од силите за специјални операции, сместена во авиобазата Ал Анад во Јемен, соопшти Си-Ен-Ен. Причината е влошување на безбедноста, коментираат извори во регионот, цитирани од телевизијата. Ова се последните сили на Ренџерс, кои беа распоредени во земјата, која е под силно влијание на групата „Ал Каеда на Арапскиот полуостров“.
САД ја затвори својата амбасада во Сана минатиот месец, откако бунтовници ја зазедоа јеменската престолнина.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




