05 Декември, 2025
0.0342

„Јилдирим“ ќе го води Еуроникел Индустри со директори од Албанија

Објавено во: Економија 18 Септември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Турската групација „Јилдирим“  постави тројца директори од Албанија со кои како нов сопственик на Еуроникел Индустри (поранешно Фени) ќе управува со некогаш најголемит производител на фероникел во поранешна Југославија.

Сите тројца управители доаѓаат како директори од „АлбХром“ Холдинг, најголемиот производител на хром и ферохром во Албанија,  кого турскиот глобален индустриски конгломерат го купи во 2022. Основана во 1991 година како државна компанија, „АлбХром“ има едно од најголемите наоѓалиштата на хром во Европа и извезува ферохром во повеќе од 50 земји. Во Албанија поседува два рудници, две фабрики и четири производствени печки.

Теута Устундаг е доведена како директор за надворешни работи во рамки на балканскиот регион на „АлбХром“, Ерјон Дурај како извршен директр за регинален развој на бизнисот од оваа компанија и Зејнеп Ербејлер, заменик финансиски директор на албанскиот гигант, кој доаѓа исто така од Тирана, но е турски државјанин.

Тројцата директори се поставени на чело на „Њу Нова Енгинееринг“ и „Голден Игл Никел“, формирани лани од групацијата „Јилдирим“ преку холандската фирма-ќерка „Полиникел“ за да го преземе Еуроникел Индустри кој претходно се подели на две фирми во стечај за да ги расчисти должничко-доверителските односи.

Во март лани Комерцијална банка ги продаде акциите вредни 40 милиони евра во „Еуроникел Индустри“ по што беше објавено дека турската компанија „Јилдирим Груп“ ќе биде новиот сопственик на поранешниот комбинат „Фени“, дека оваа фабрика за производство на фероникел, по завршување на законските регулативи, ќе започне со производство и пред сè ќе ги повлече на работа сите вработени кои беа дел од фабриката, но и сите компании кои се директни добавувачи на фабриката.

Некогашниот гигант во производството на никелова руда последниве осум години два пати беше доведен до стечај. Рударскиот гигант учествуваше со 1,5 отсто во домашната економија, но често беше цел на злоупотреби со доверителите. Работниците два пати остануваа на улица, а во странство завршуваа големи суми пари. 

„,Еуроникел индустри“ подолго време се соочуваше со тешкотии во работењето, а синдикатот неколку пати со протести и блокади на патишта го изрази својот револт, барајќи што побрзо да се изнајде нов инвеститор и да се реши судбината на околу 800 вработени и плус соработници на гигантот кој е важен за кавадаречката и македонската економија.

Минатата недела Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против двајца поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци .за предизвикана штета од скоро 1,67 милијарди денари, од кои речиси 99 милиони денари штета за Буџетот. Лицата Г.К. и А.Ц.,, според Финансиска поиција, извршиле намерно предизвикување на стечај и оштетување или повластување на доверители.

Познавачи на состјбите сметаат дека за Еуроникел би било многу добро доколку Јилдирим се јави како нивни купувач, бидејќи станува збор за голема и моќна компанија која располага со различни видови на дејности, и токму поради својата разноликост и финансиска сила би била добар газда на поранешен ФЕНИ, со оглед на тоа што ќе има моќ да ја одржува компанијата дури и во време кога не би била поволна коњуктурата на никелот на светските берзи.

А.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје