05 Декември, 2025
0.0352

Јохан Ејсел: Македонија сама по себе е бренд, но не е доволно промовирана!

Објавено во: Економија 19 Декември, 2012 20:18

Добивај вести на Viber

Според американскиот професор Јохан Ејсел, во Македонија треба да се посвети посебно внимание на брендирањето на макро и на микро план, бидејќи многумина во САД не знаат за потенцијалите на државата, за понудата и македонските производи кои по многу нешта се оригинални.

„Македонија сама по себе е бренд, но не е доволно промовирана во САД и тоа треба да го направите за да уште повеќе се знае и дознае за Македонија. Ние ќе се обидеме да помогнеме во тоа за што вршиме истражувања кои ќе ги презентираме со нашите студенти во текот на претстојното лето кога повторно ќе дојдеме во Македонија, посочи професорот Јохан Ејсел од универзитетот Питсбург пред студентите во Битола за време на трибина за улогата на маркетингот и промоцијата во брендирањето.

На трибината учествуваа студенти од БАС, претставници на граѓанскиот и бизнис секторот чиј интерес се вложувањата во маркетингот и промотивните активности.

„За да се одржи чекор со времето и со научно-техничкиот развој, но и да се обезбеди соодветна конкурентна позиција на меѓународниот пазар, важно е местото на маркетингот, кој во компаниите ги идентификува потребите на потенцијалните клиенти и го оформува спектарот за перспективноста на успехот во нивното работење“, истакна Тони Соклевски, раководител на БАС.

Со воспоставувањето на соработката меѓу БАС и БАС Институт за менаџмент и професорот Јохан Ејсел од Универзитетот Питсбург во Пенсилванија,  од двете држави ќе разменуваат искуства и ќе нудат решенија за брендирање во различни области.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“