Јохан Вадефул: Нема да има санкции за ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2018 12:46
Јохан Вадефул, заменик шефот на владеачката парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во бундестагот, во разговор за Дојче Вели не верува дека најголемата политичка европска групација - демохристијанската ЕПП ќе одреди санкции за сестринската ВМРО-ДПМНЕ доколку таа одлучи да ги бојкотира уставните измени според преспанскиот договор.
Тој наведува дека нема да се врши никаков притисок над македонската опозиција за да се обезбедат барем десет пратеници кои ќе се приклучат во потребното двотретинско мнозинство.
- Не, ние се обидуваме да убедуваме со аргументи и опозицијата знае дека сме пријателски поврзани. Познавам многу колеги од ВМРО-ДПМНЕ и често сум разговарал со нив. Единствени сме околу целта дека Македонија треба да биде примена во евроатлантската заедница. Сега е најден патот и иако некој го смета за проблематичен, мора да се постави прашањето - има ли алтернатива? Јас, реално погледнато, не гледам алтернатива во иднина - изјави Вадефул.
„Актери“ од десничарскиот блок во Европа веќе го предупредија ВМРО-ДПМНЕ дека се соочува со голема одговорност ако не се овозможи отворање на патот кон НАТО и ЕУ преку позитивно гласање, но Вадефул смета дека тоа не се упатени закани и уцени.
- Многу години се обидуваме да ѝ го отвориме патот на Македонија. Водиме многу разговори со соседите, со специјалните пратеници на Обединетите нации. Се ангажиравме многу и во однос на грчките политичари и притоа одбравме јасни зборови. Затоа, сега упатуваме итен апел, јасен апел, за ВМРО-ДПМНЕ да смогне сили и да донесе вистинска одлука. И, уште еднаш, уверен сум дека е тоа можно, дека заеднички ќе успееме Македонија еден ден да стане членка на Европската унија и на НАТО. Но, да нагласам уште еднаш - нема реална алтернатива освен сега да се каже „да“ за одлуката во парламентот - вели тој.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




