Јоханес Хан: Доаѓа да поттурне Влада на СДСМ или широка коалиција?
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2017 06:52
Доаѓањето на Јоханес Хан во Скопје, дали ќе ги забрза преговорите или пак ќе донесе нов импулс кон широка коалиција?
Ако се следат досегашните изјави на еврокомесарот и на портпаролите од Брисел станува поизвесно дека доаѓањето на Хан може да значи вовед кон влегување во нова фаза, а таа е создавање на широка коалиција.
Имено досега Брисел порача дека е потребно создавање на што е можно пошироко базирана коалиција која ќе има уставно мнозинство за да може да тераат реформите.
Сепак, со оглед на тоа дека преговорите меѓу СДСМ и ДУИ се веќе во фаза која може да се нарече и напредната не е нелогично да се очекува дека Хан и ќе нема многу работа, освен можеби да обезбеди услови за брза транзиција на власта. Но ова е во игра само ако преговарачите од ДУИ и СДСМ во наредните два дена успеат да ги договорат главните контури на идната влада, пред се принципиелната поддршка кон СЈО и се разбира етничките барања на Албанците кои ја кренаа летвичката во преговорите.
„Се занимававме со многу принципиелни нешта, како оваа држава треба да се справи и со одлуката на Иванов, кој не го почитува Уставот. Далеку сме од конкретни дискусии за некои политички прашања, особено далеку од поделбата на ресори. Поважно прашање е како да излеземе од кризата“ - изјави Радмила Шеќеринска од СДСМ.
Шеќеринска одбегна да одговори конкретно околу прашањето за албанскиот јазик. Арифи не сакаше да одговара на новинарски прашаења, ниту пак да каже конкретно какви гаранци бара Ахмети за неговите 10 пратеника да се потпишат за мандатот на Заев.
„Јавноста е информирана за нашите рамки, значи интеграцијата во Европската Унија и НАТО, реализирање на договорот во однос на СЈО и прашањата поврзани со реализација на Охридскиот договор“ - изјави Теута Арифи од ДУИ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




