19 Декември, 2025
0.2141

ЈОРДАН ШИШОВСКИ: Албанската платформа е борба за опстанок на една корумпирана власт!

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2017 15:20

Добивај вести на Viber

Според последната анкета објавена на ТВ Телма во соработка со МЦМС, СДСМ е најпопуларна партија кај Aлбанците. Ова се должи пред се на изборното свртување на СДСМ и кон Aлбанците. Но, ова свртување беше главно преточено во адресирањето на реалните проблеми на граѓаните (инфраструктура, водовод, канализација...). Другата причина беше револтот на граѓаните Aлбанци кон корумпираните албански партии. Монополот на албанските елити во западна Македонија на овие избори сериозно беше разнишан,  оценува  универзитетскиот професор Јордан Шишовски.

Според него, уцената на ДУИ во врска со „албанската платформа“ нема никаква врска со грижата за албанскиот јазик. Тоа не е ниту „држење во заложништво на нацијата“. Тоа е гола борба за опстанок на една корумпирана елита! Тоа е свртување на вниманието од реалните проблеми кон имагинарните.  Ако СДСМ попушти на овој притисок, тогаш во општеството ќе се случи националистичка поларизација во која на среден и долг рок ќе добијат националистичките партии – ДПМНЕ и ДУИ. Токму разгорувањето на националистичките страсти е главната цел на ДУИ и на ДПМНЕ!

До сега, за жал, СДСМ не се постави недвосмислено против национализмот и клерикализмот на БЕСА. Ниту против корумпираноста на ДУИ. Амнестијата на ДУИ од калкулантски причини, посебно во „Вистината за Македонија“, ја ослаби позицијата на СДСМ пред албанскиот електорат. Сепак, и покрај тоа, граѓаните Aлбанци, се чини, покажаа потреба од нова политика заснована на граѓански принципи во која на прво место ќе бидат ставени реалните проблеми на граѓаните. Прашањето за јазикот од аспект на практичноста, секако е битно. Доследното спроведување на Охридскиот рамковен договор мора да биде приоритет на секоја идна влада. Освен тоа, единствената платформа што треба да биде основа на секоја идна влада е платформата „Итни реформски приоритети“ од Рајнхард Прибе. Се друго е свртување на вниманието и евтина манипулација,  смета проф. Јордан Шишовски.

Горазд ЧОМОВСКИ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот