Добивај вести на Viber
Непродуктивни се дискусиите за ново намалување на грчкиот долг, изјави Јорг Асмусен, член на Управниот одбор на Европската централна банка. Наместо ова тој ги повика грчките власти да продолжат со реформите, пренесува германскиот весник „Велт“
Во интервјуто за овој весник Асмусен вели дека дискусиите за намалување на долгот се штетни и го одвраќаат вниманието од напорите за спроведување на потребните реформи во Грција.
„И покрај постигнатиот напредок има уште да се сработи, за позитивно да се оценат завршените задачи,“вели Асмусен.
Во Атина пристигнаа претставниците на меѓународната кредиторска тројка (Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка) кои сега треба да оценат колку државата напреднала во однос на реформите изминатиот период.