ЈП „Водовод и канализација“ повикува да се пријавуваат проблемите во водоводниот систем
Објавено во: Економија 21 Декември, 2012 13:07
Во пресрет на зимскиот период заради ниските температури доаѓа до голем број на дефекти на водоводната и канализациската атмосфера, затоа ЈП „Водовод и канализација“ ги потсетува граѓаните за бесплатниот телефонски број 0800 22 555 на кој корисниците ќе можат да пријават: Дефект на водоводна и канализациска мрежа, пукнати цевки, прекин на водоводно снабдување, диви приклучоци како и мито и корупција. Станува збор за телефонска линија која постои неколку години и успешно функционира. Исто така во изминатиот период на 0800 22 555 граѓаните може да пријавуваат само дефекти на водоводната и канализациска мрежа а сега можат да пријавуваат поширок опсег на проблеми како што се диви приклучоци, мито и корупција.
-Подучени од мината зима во која имаше голем број на поплаки од страна на граѓаните службите на ЈП„ Водовод и Канализација“ се максимално спремни за престојаниот зимски период и можат да се справат со сите предизвици што ги носи зимата. Имено доколку граѓаните го пријават дефектот на бесплатниот телефонски број 0800 22 555 во рок пократок од 24 часа проблемот ќе биде саниран. Исто така редовно се чистат сливнците кои ја собираат атмосферската вода и доколку дојде до ненадејно затоплување на времето и топење на снегот, нема да има несакани поплави и атмосферската мрежа соодветно ќе ја прифати надојдената вода. Во системот на ЈП „Водовод и канализација“ има 17000 сливници и 44000 ревизиони шахти и сите тие се под наша контрола и врз нив се извршува редовно чистење“ изјави Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ г. Стојан Србиновски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





