ЈСП: Наредните три дена под неделен возен ред
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2024 10:33
Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информира дека за време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Од вторник (9.01.2024 год), автобусите ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимен возен ред кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
На 7 јануари (недела) за сите билетарниците и центри за персонализација ќе биде неработен ден, а на 6 и 8 јануари (сабота и понеделник) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Од вторник (9.01.2024 год) сите продажни места ќе продолжат да функционираат со вообичаено работно време.
Жичарницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




