18 Декември, 2025
0.0841

ЈСП со рекордни бројки: Се повеќе се плаќа со мобилен телефон

Објавено во: Македонија 24 Август, 2018 11:05

Добивај вести на Viber

Во првите шест месеци од 2018 година автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје превезле 22,6 милиони патници. Најголемиот дел од нив се возеле во март, а најмалку во јануари. На градските улици секојдневно сообраќале 277 возила на ЈСП, а 206 на приватните превозници. Во споредба со истиот период лани, годинава е регистриран зголемен број на возила во дневен сообраќај за 0,5 отсто во просек дневно.

Бројот на продадени персонализирани билети е зголемен за 2,6% во споредба со истиот период лани, односно продадени се речиси 20.000 билети повеќе. Значително е зголемувањето на продажбата на доплатни билети за возрасни, како и на годишните билети за градските линии. Токму посочените категории билети го сочинуваат и најголемиот број од продадени персонализирани билети.

Зголемен е и бројот на неперсонализирани билети за 25,9% или за речиси 825.000 билети. Статистиката на јавното претпријатие покажува дека значителен пораст во споредба со истиот период лани е забележан при плаќање на билет со мобилен телефон. Лани во периодот јануари/јуни биле платени 100.528 билети со мобилен телефон, а годинава во истиот период, дури 782.075 билети.

Во првите шест месеци од годинава преземени се конкретни мерки за долгорочно задолжување на ЈСП кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра за купување нови еколошки автобуси. Во зависност од понудената цена на понудувачите, се очекува да се набават 30-40 возила на гас. Согласно со планираната динамика на постапката, се очекува новите возила да бидат набавени идната пролет. Во таа насока, значајно е да се спомене дека во првото полугодие од годинава, дел од јавниот сообраќај беа три автобуси на гас и еден на струја. Нивните производители/дистрибутери ги отстапија на бесплатно користење, а тој период се искористи за да се добијат конкретни искуства и резултати од нивната примена во јавниот превоз, односно да се утврди кој тип на автобус би бил најповолно решение за јавниот автобуски превоз во градот.

Значајно е да се нагласи и дека во посочениот период со жичницата се превезени 132.035 патници. Најголем дел билети биле продадени на возрасни лица (83.884), а значителен е и бројот на продадени групни билети (7.804-возрасни и 3.416-деца).

Кон крајот на месец мај заврши договорот меѓу ЈСП Скопје и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги. ЈСП Скопје целосно ја презеде под своја надлежност дистрибуцијата на картичката „Скопска“. Оспособени за продажба и надополнување на „Скопска“ се 32 билетарници на ЈСП, како и деведесет локации од секундарната продажна мрежа (маркети,трафики), а нивниот број секојдневно расте.

Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска