ЈСП УПЛАТИ ДЕЛ ОД ДОЛГОТ: Приватните превозници од утре со редовен возен ред
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2025 19:00
Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании, потврди сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски.
- Денеска во 16 часот добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари по пакет и после кординацијата со превозниците утре се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за да можеме да продолжиме. Тоа задоволува за наредниве две недели да возиме редовно и се надеваме дека во тој период ќе имаме средства односно уплата од ЈСП за да можеме без прекин да работиме, истакна Зафировски.
Тој потсети дека автобусите имаат потерба од редовно сервисирање како и секојдневна употреба од гориво за да возат и ннгласи дека поради овие трошоци мора редовно да им се уплаќаат средства за да нема прекин, а граѓаните да не чекаат по автоубските станици.
Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје во петокот побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што изјавија, во момент биле доспеани 90 милиони денари. Тие денеска возеа редуцирано од 5 до 10 часот, а од утре се враќаат по редовен возен ред.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




