ЈУ-БАЈ 2 АМЕТ, ПУЦКО ПЕТРОЛ И КОЛЕ-ТРАНС ИНЖИНЕРИНГ - лани најмногу добиле од тендерите на општините

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2020
Општините и Градот Скопје склучиле 3.686 договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари, односно 130 милиони евра. Споредено со претходната година, вредноста на јавните набавки во 2019 година бележи пораст од 33 милиони евра односно 33,8 отсто.
Ова го покажува Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2019 година, заедно со анализа на податоците, која денеска ја објави Центарот за граѓански комуникации.
Скок во вредноста на тендерите има кај Градот Скопје и 58 општини, додека намалување има кај 22 општини. Најголем вредносен скок од седум милиони евра е забележан кај Градот Скопје (од 14 милиони евра во 2018 година на околу 21 милион евра во 2019 година), кај Тетово од 3,7 милиони евра (од 1,7 милиони евра во 2018 година на 5,4 милиони евра во 2019 година) и кај Битола од 2,8 милиони евра (од 2,2 милиони евра во 2018 година на 5 милиони евра во 2019 година).
Најголеми падови во апсолутен износ пак се забележани кај Гази Баба (од 4,1 милиони евра во 2018 година на 2,2 милиони евра во 2019 година), Куманово (од 4,9 милиони евра во 2018 година на 3,1 милиони евра во 2019 година) и Струга (од 3,5 милиони евра во 2018 година на 2,2 милиони евра во 2019 година).
Во однос на јавните набавки продолжува и континуираната концентрацијата во главниот град со тоа што речиси една третина од парите се потрошени на јавни набавки од Градот Скопје и 10 скопски општини. Исклучително големите разлики помеѓу единиците на локалната самоуправа особено се воочуваат кога вредноста на јавните набавки ќе се стави во однос на бројот на жители. Произлегува дека одредени општини како Новаци и Карбинци трошат по 488 евра односно 376 евра по жител наспроти Арачиново и Сопиште кои потрошиле по помалку од 2 евра по жител.
Кај фирмите, најголема вредност на тендерите во 2019 имаат градежната компанија ЈУ-БАЈ 2 Ахмет од село Бојане (4,2 милиони евра) нафтениот дистрибутер Пуцко Петрол од Пласница (2,7 милиони евра) и градежната компанија Коле-Транс Инжинеринг од Штип (2,6 милиони евра).
Базата на податоци која се изработува пет години по ред е интерактивна и овозможува пребарување на тендерите по општини и по фирми, а и дава графички преглед на учеството на фирмите во набавките на секоја општина одделно. Базата содржи податоци и за уделот на набавките во буџетите на општините, како и за вредноста на набавките по жител. Базата содржи податоци за последните пет години.
Анализата врз основа на податоците од базата можете да го прочитате на следниот линк: http://www.opendata.mk/Home/TekstualniDetails/96?Category=2
додека кон целосната базата можете директно да пристапите преку следниов линк: http://javninabavki.opendata.mk/.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок
