19 Декември, 2025
0.0547

Јубилеј-50 години Универзална сала Скопје

Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2016 12:12

Добивај вести на Viber

По катастрофалниот земјотрес во Скопје, во јануари пред 50 години беше пуштена во употреба Универзална сала Скопје. Изградена како резултат на светската солидарност и помош, брзо стана центар на сите културни случувања во градот. Златно Славејче, Скопски џез фестивал, Буба Мара, Скопски фестивал, концерти, претстави, промоции, со учество на реномирани домашни и интернационални гости, илјадници настани се случија на овој простор, ширејќи добра енергија.

универзална

Врвна музика, забава и смеа, негување на традицијата и културата се работи кои се поврзуваат со Универзална сала, чија сцена e престижно место за настапување и начин да се стекне популарност. Речиси и да нема уметник, музичар кој не настапувал на оваа сцена, кој тука ги добил првите аплаузи, ги пуштил првите солзи...кој едноставно не уживал во овој простор. По повод јубилејот 50 години од постоењето нашата редакција разговараше со нашата Поп дива Каролина Гочева која и многупати била дел од активностите во Универзална сала, придонесувајќи со своите настапи кон незаборавни музички моменти.

универзална 1

“Многу концерти и манифестации ме врзуваат за Универзална сала. Една од нив е Скопје- фест. Тоа е периодот кога со моите 13години дeбатирав на сцената на Универзална сала со песната Кој да ти каже. Иако сум Битолчанка Универзална некако ми е во срцето токму поради тојот прв професионален настап, а потоа и концертите кои следеа .каролина

Ги паметам тие моменти тоа беше голема возбуда за мене. Јас пеев рамо до рамо со искусни пејачи, а ја освоив третата награда од публиката. Се уште многу добро се сеќавам на моментот пред да излезам на сцената, колку бев возбудена. И тогаш, па и понатаму низ годините, оваа сала се карактеризираше со нешто посебно. Атмосферата е фантастична, секогаш исполнета со најдобрата публика, која воопшто не е пасивна, туку пее со тебе. Всушност тремата трае додека излезеш на сцена, потоа се друго е хармонија на убава енергија, забава и добра музика. Те понесува атмосферата и уживаш. Секогаш со задоволство настапував во Универзална сцена, а многу често бев и гостин, на многу други настани, концерти, кои овде постојано ги имаше. Зиме, лете..секогаш исполнета...со луѓе со стил, кои ја сакаат културата, музиката и секогаш ведри и расположени за добра забава. А добра забава отсекогаш имало во универзална сала...на сцената, во публика, во ходниците..пред и по настани...

Би сакала да го честитам јубилејот 50 години од постоењето на Универзална сала Скопје, и да посакам многу брзо добрата музика и енергија повторно да ја имаме. Да уживаме и да се собираме на ова место и понатаму, кое се надевам ќе биде уште поубаво, и понатаму ќе биде духовен центар на скопјани, и културно обележје на градот Скопје и Македонија, кои се надеваме во блиска иднина ќе бидат наградени со признанието европски град на културата” ни пренесе Каролина.

Универзална сала не е обичен објект во Скопје. Израснавме одејќи во Универзална сала, живеевме со неа. Таа е историја, срцето на сите културно уметнички случувања во градот, место за забава, смеа, место со кое скопјани се емотивно поврзани. Малечка, и можеби со многу недостатоци, таа сепак е омилено сврталиште на сите оние кои години наназад ја сакаа музиката, традицијата, уметноста.

универзална 2

Едноставно и несомнено културен симбол за Скопје! Од пред една година регистрирана како конгресен центар Александар Македонски, ова култно место и понатаму ќе обединува, и од тука ќе се испраќаат позитивни пораки и ќе се црпат инспирации за нови достигнувања. Нека е честит јубилејот 50 години, и да посакаме и понатаму да биде во срцето на скопјани, изјави Директорката на конгресниот центар Александар Македонски госпоѓата Вера Бошковска.

универзална 3

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка