21 Јануари, 2025
0.0343

ЈУБИЛЕЈ: Прилепска пиварница – 90 години традиција во производство на македонско пиво

Објавено во: Мои пари 19 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Прилепска пиварница прославува 90 години постоење на пазарот и изградена препознатливост на брендовите. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со активности во текот на целата година. Една од најавените активности ќе биде и пивската академија на којашто гости говорници ќе бидат пивски експерти и сомелијери од познати школи за пиварство од европските земји. Академија како и останатите активности во текот на јубилејната година ќе бидат во насока на промовирање на културата на пиење пиво, одговорноста и свесноста при консумирање на овој златно жолтеникав пијалак.
„Од почетокот во 1924 година па се до денес, Прилепска Пиварница се движеше и растеше преку унапредување на производството во секој аспект за денес да биде една од петте пиварници на Балканот со најсовремен технолошки процес. Со деведесет години позади нас, имаме многу наследено знаење, но тоа не би значело ништо доколку не инвестираме во тековните состојби, не го унапредуваме производството континуирано и не го стимулираме развојот. Тоа што работиме во еден од најкомпетитивните сегменти не мотивира за поголеми резултати“, изјави Сашко Самарџиоски, Генерален менаџер на Прилепска Пиварница.
Со производство на 5 сопствени брендови, Златен даб, Крали Марко, овошните нектари Блум и соковите Газоза и Портоколада, лиценцното производство на светските брендови Pepsi, Mirinda и 7UP, како и дистрибуцијата на Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, Прилепска Пиварница важи за еден од најмодерните производни капацитети на балканот. Годишниот капацитет на пиварата е 500.000 хектолитри пиво годишно. За постигнување на конзистентен висок квалитет на производите, Прилепска пиварница го држи чекорот со најсовремените светски достигнувања во техниката и технологијата. Само во последните десетина години инвестираше повеќе од 30 милиони евра во унапредување на квалитетот на производството, во опрема за обработка на вода, во варилница за пиво, во опрема за бескиселгурна мембранска филтрација, во опрема за одлежување, матурација и стабилизација на пивото, инвестиции во нови производи, како и во нова линија за полнење на пиво и газирани пијалаци во стаклена амбалажа. Сето тоа со единствена цел, постигнување на висококвалитетен производ. Зголемување на производството, проширување на дејноста, имплементирање на современи производни практики и доставување на совршено квалитетен производ влегуваат во идните планови на Прилепска пиварница.  

Можеби ќе ве интересира

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије