Јунак во криза се познава! Која домашна компанија вработуваше најмалку по еден вработен секој работен ден во првите шест месеци?
Објавено во: Економија 18 Август, 2022 07:40
Повеќе од 100 млади луѓе овие шест месеци ја решија својата егзистенција и нема да ја напуштат Македонија во потрага по подобро утре. „Виновник“ за ова е домашниот гигант „Макпетрол“ кој за нешто повеќе од 120 работни дена во првите шест месеци вработи 132 лица. Ова не е ПР текст туку вест која оддава признание за општественото значење на компанија која вработува и без државни стимулации
Најголемата домашно поседувана компанија за трговија на мало со нафтени деривати „Макпетрол“ прими на работа 132 лица во првите шест месеци годинава. Ова значи дека просечно месечно „Макпетрол“ вработувал секој работен ден најмалку по еден нов вработен. Ова навистина е резултат што треба да респектира особено заради тоа што станува збор за состојба на економска криза предизвикана од глобалните ценовни шокови на енергенсите во која сите компании се директно или индиректно погодени и работат во опкружување на неизвесност.
Информацијата е официјална и е јавно достапна во Образложението на компанијата достапно на следниот линк https://www.seinet.com.mk/?docID=60782
Повеќе информации за работењето на „Макпетрол“ може да прочитате на следниот линк КАКО РАБОТЕШЕ „МАКПЕТРОЛ“ ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ - БРОЈКИ ЗА РЕСПЕКТ - добивка од над 8 милиони евра, три пати повисока од истиот период лани
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега




