Добивај вести на Viber
Работата на гасоводот „Јужен тек“ низ Србија би можела да започне кон крајот на оваа илинајдоцна на почетокот на следната година, најави директорот на развој од „Србијагас“, Милан Здравковиќ.
Како што пренесе Танјуг, според Здравковиќ придобивките од проектот значително ќе ја променат енергетската структура и потенцијалот на регионот.
„Ова, во некоја смисла е задоволство во име на „Србијагас“ и нашите партнери да го изразиме степенот на подготвеност и волја за спроведување на проектот", изјави тој, додавајќи дека се очекува, според плановите, на почетокот на втората половина на оваа година да почне процесот за избор на изведувач и со набавка на опремата.
Генералниот директор на „Србија гас“, Душан Бајатовиќ пак изјави дека изградбата на гасоводот „Јужен тек“ низ Србија е целосно финансиран од руските банки и од Гаспром.
Бајатовиќ вели дека идејниот проект е завршен, а во овој момент се работи на завршување на финалниот технички проект кој треба да биде готов до 30-ти јуни.
„Очекуваме уште во понеделник да дојде финансискиот тим од Газпром и банките кои ќе помогнат за градба на „Јужен тек“, првенствено банките Сбербанк и Газпром банка, а потоа ќе започнеме со разговори за новите услови за финансирање на „Јужен тек“, со кои треба да се зголеми учеството на рускиот капитал во финансирањето на овој проект", објаснува Бајатовиќ.
Тој додаде дека без оглед на тоа дали се работи за кредит или позајмица на Гаспром кон „Србијагас“, главно „Јужен тек“ што се однесува до српскиот дел, ќе биде целосно финансиран од Гаспром и руските банки со најповолниот финансиски услови на пазарот.
Бајатовиќ вели дека иако кон крајот на ноември треба да почнат градежните работи, во меѓувреме се работи на откуп на земјиштето и на експропријацијата. Според него, парите за тоа се веќе обезбедени и деновиве треба да започне со обештетувањето.
„Кон крајот на јуни ќе се распишат тендерите за снабдувачите на цевки и снабдувач на компресор станиците, а потоа ќе се почне со издавање на потребните одобренија за градба за проектот „Јужен тек“ да почне комплетно да се работи во Србија“, вели и Бајатовиќ.
Запрашан на притисоците од Запад во полза на гасоводот „Набуко", пак директорот Здравковиќ посочува оти не верува дека тоа би можело да го загрози „Јужен тек“.
„Енергетиката е многу важна компонента како за сегашноста, така и во иднина. Се разбира, постојат геополитички интереси. Благосостојбата на регионот на Европа е тоа што има избор, а изборот на една опција не го намалува квалитетот или моќта на другите опции", вели тој.
Според Здравковиќ нема проблем за енергетската иднина и стабилност за Србија, во земјата веќе има складиште за природен гас „Банатски двор", кое и сега се користи и обезбедува значајна енергетска сигурност на Србија. Наскоро најавуваат надлежните се планира изградба на нови складишта кои ќе обезбедат повисоко ниво на енергетска безбедност во земјата и во регионот, а исто така и интеграција на Србија во регионалниот енергетски пазар.