24 Ноември, 2024
0.0302

Јужна Кореја станува финансиски посилна од Јапонија?

Објавено во: Свет, Финансии 06 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Јужна Кореја на крајот од септември забележа рекордни девизни резерви во вредност од 322,01 милјарди долари, што претставува зголемување од 51,3 милјарди во споредба со август. Централната банка на Јужна Кореја вчера оцени дека зголемувањето  за септември се должи на зајакнувањето на еврото и фунтата во однос на доларот. Јужна Кореја е седма во светот по големината на своите девизни резерви, објавуваат новинските агенции од Јужна Азија. Јужнокорејската централна банка инаку објави дека ќе управува со монетарната политика на начин со кој што ќе и помогне на локалната економија, ќе ја обнови стапката на раст и ќе ги стабилизира  потрошувачките цени. Агенцијата Ројтерс овој став на Централната банка кој беше доставен до парламентот во Сеул, го протолкува како пресврт и ставање акцент врз  поттикнување на растот, за разлика од минатиот месец, кога ценовната стабилност беше примарна цел. Според најновите прогнози на ММФ,  во следните пет години Јужна Кореја би можела ја помине Јапонија во однос на БДП-то по глава на жител, кое се мери според куповната моќ (ППП), прилагодена на разликите во трошоците за живот во секоја земја одделно. Според  лондонскиот "Економист" ова ќе биде огромен пресврт, бидејќи БДП-то по глава на жител во Јужна Кореја во 1980-та година беше едвај една четвртина од тоа во Јапонија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него