ЈУЖНА КОРЕЈА СЕ ЗАКАНИ: Ќе прати оружје во Украина, но и персонал
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2024
Јужна Кореја сака да испрати во Украина офанзивно оружје и персонал кој ќе ги надгледува севернокорејските војници.
Одлуката е донесена откако Сеул го повика рускиот амбасадор поради разузнавачките извештаи дека Северна Кореја овој месец испраќа 1.500 специјални сили во Русија за да учествуваат во војната во Украина.
Висок функционер од кабинетот на претседателот Јун Сук-Јол изјави дека Јужна Кореја ја разгледува можноста за снабдување на Украина со смртоносно оружје. Најавата доаѓа како одговор на воената соработка меѓу Пјонгјанг и Москва.
„Размислуваме за снабдување со одбранбено оружје како дел од фазен пристап, а доколку е потребно, може да разгледаме и офанзивни мерки“, изјави функционерот за новинарите.
Советот за национална безбедност на Јужна Кореја (НСЦ) излезе со соопштение.
„Нашата влада повикува на итно повлекување на севернокорејските трупи и доколку продолжи сегашната воена соработка меѓу Северна Кореја и Русија, ние нема да останеме пасивни и силно ќе одговориме заедно со меѓународната заедница“, велат оттаму.
Јужна Кореја исто така размислува да испрати тим од персонал во Украина. Тие ќе ги „надгледуваат“ севернокорејските трупи кои се распоредуваат за поддршка на Русија. Информација ја дал владин извор за агенцијата Јонхап. Руската инвазија на Украина однесе во смрт илјадници луѓе, а почна на 24 февруари 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.