Јужноафриканскиот сој може да му пресуди на туризмот годинава
Објавено во: Македонија 16 Март, 2021 07:21
Од мутациите на коронавирусот ќе зависи и текот на туристичката сезона во земјава. Доколку се појави јужноафриканскиот сој, тој може да ги помати сметките.
Крсте Блажески од ХОТАМ вели дека хотелите на охридско – струшкото крајбрежје се отворени, но скоро и да немаат гости. Блажески објаснува дека и оваа летна сезона ќе биде неизвесна. Според него, таа би требала да почне во мај или јуни, но пресудна ќе биде состојбата со коронавирусот. Сепак, прогнозите не се оптимистични. Можно е и оваа година туризмот да доживее крах.
„Со вакцините уште не знаеме што и како ќе биде, и за вакцинацијата немаме голема надеж. Дали ќе има туристи многу ќе зависи од тоа дали по овој ќе има нов бран, кои мутации ќе се појават. Многу е непредвидливо. Дневно имаме по 10 до 20 починати и тоа не е малку. Србија има вакцини, а пак имаат по 4.000 заболени секој ден. Дури имаше информации за луѓе кои примиле вакцина, а се заразиле. Овде има и многу луѓе кои го прележале вирусот. Сепак треба да се гледа регионално каква ќе биде состојбата“, вели Блажески.
Доколку нема гости, ќе нема ниту работен ангажман за туристичките работници. Во Македонија бројот на активни случаи се искачи над 11.000, а скоро половина од нив се во главниот град. Од туристичките центри се издвојува Дојран како град која последниот период има мал број на активни случаи на коронавирусот. Во Крушево пак имаат 109 активни.
„Работите се менуваат од ден во ден, а ние во Крушево иако сме мало место имаме над 100 заболени, и тоа не е малку. Состојбата е таква во моментов. Гости доаѓаат за викенд, но не е тоа како што било претходно“, вели Коста Мицкоски од Општина Крушево.
Статистичките податоци покажуваат дека и македонските граѓани многу помалку шетаат низ Македонија за разлика од претходно. Кај странските туристи има огромен пад на посети. Kaко што неодамна објави Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2021 година изнесува 28.102, а бројот на ноќевањата изнесува 65.031. Бројот на туристите во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, е намален за 49.2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 40.7 отсто. Бројот на домашните туристи во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, е намален за 12.1 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 69.8 отсто. Претходните години, пред пандемијата Македонија имаше најмногу гости од соседството и од Турција.
Сања Атанасовскаfoto freepik
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




