Ќе произведе ли Турција свој автомобил во 2013?
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2013
Турција лани остварила рекорден извоз во 66 држави во светот и тоа дури во 37 различни области вели министерот за економија Зафер Чаглалајан.
Тој информираше дека само во текот на минатиот месец остварен е извоз од речиси 12 милијарди долари. Извозот во 2012 година е зголемен во однос на 2011 година за 12,6 проценти и изнесува вкупно 151,9 милијарди долари, истакна Чаглалајан.
Според турскиот министер автомобилската индустрија во Турција ќе биде многу поуспешна во 2013 година, за кога тој изрази надеж дека турската автоиндустрија на пазарот би можела да понуди и домашен производ.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.