28 Јануари, 2025
0.0292

КАДЕ Е РАДЕ ТРАЈКОВСКИ-ШТЕКЛИ, ЗА КОГО СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР - на Инстаграм осамна стори, како е тоа возможно

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Каде е Раде Трајковски попознат како Штекли. Имено, пред околу една недела и половина јавноста беше информирана дека Штекли е уапсен во голема акција на Полицијата, и дека е во притвор, а веста ја потврди и самиот Кривичен суд во свое соопштение до јавноста.

Но, пред околу 10 часа Штекли сподели стори на инстаграм, во кое тој е со својата поубава половина.

Се поставува прашањето дали тој излегол од притвор, или, пак, во затворот успеал да дојде до својот мобилен телефон, кој што инаку не им е дозволен на притворениците, и да ја користи социјалната мрежа Инстаграм и таму преку стори да ја сподели оваа фотографија. 

А, да се потсетиме што соопшти Кривичен суд на 20 јануари, значи пред околу една недела. 

Кривичен суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски - Штекли и уште деветмина од групата што ја предводел, по нивното апсење во акција на МВР.  Определен е и притвор за две лица кои се во бегство.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје,
постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење
организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување
присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање
во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори
согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден
беа спроведени во судот, донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерка притвор против: Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат
дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување
на делото.

Воедно, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против
две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да
се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот
совет“, објави Кривичен суд.

Како што пишувавме, Македонската полиција претходно го уапси Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираа од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата за апсењето на Штекли. Тој се сомничи за трговија со дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.

Во 2024-та година имаше три обиди за убиство на Раде Трајковски - Штекли во скопскиот трговски центар „Ист Гејт“ како и во неговата семејна куќа. Според дел од медиумите, се смета за близок до картелот „Беланоца“. 

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ: Најавениот бојкот на маркетите е најголем пораз на погрешните политики на власта

ФИЛИПЧЕ: Најавениот бојкот на маркетите е најголем пораз на погрешните политики на власта

МИЦКОСКИ КАЖА КОЛКУ СОВЕТНИЦИ ИМА: Колкави се нивните хонорари?

МИЦКОСКИ КАЖА КОЛКУ СОВЕТНИЦИ ИМА: Колкави се нивните хонорари?

ЖЕНАТА Е УАПСЕНА: Скопјанка го држела дома 12-годишникот кој го нападнал нејзиниот син

ЖЕНАТА Е УАПСЕНА: Скопјанка го држела дома 12-годишникот кој го нападнал нејзиниот син

САШКО КОЦЕВ: Не сум прегазил полицаец, јас воопшто не знаев дека тоа е полиција

САШКО КОЦЕВ: Не сум прегазил полицаец, јас воопшто не знаев дека тоа е полиција

Значително зголемена наплатата од функционерите и службениците кои јадат во владините бифеа

Значително зголемена наплатата од функционерите и службениците кои јадат во владините бифеа

СКОРО 70 ВОЗИЛА ИСКЛУЧЕНИ ОД СООБРАЌАЈ - еве што утврди акцијата за намалување на загадувањето

СКОРО 70 ВОЗИЛА ИСКЛУЧЕНИ ОД СООБРАЌАЈ - еве што утврди акцијата за намалување на загадувањето

БОЈКОТ И ВО МАКЕДОНИЈА, СЕ ПРИДРУЖУВАМЕ НА ХРВАТСКА ПРОТИВ СКАПОТИЈАТА: „Во петок да не се купува ништо од големите маркети“

БОЈКОТ И ВО МАКЕДОНИЈА, СЕ ПРИДРУЖУВАМЕ НА ХРВАТСКА ПРОТИВ СКАПОТИЈАТА: „Во петок да не се купува ништо од големите маркети“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ ДОДЕКА БИЛ ОПОЗИЦИОНЕР: Откри и зошто тоа го правеле

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ ДОДЕКА БИЛ ОПОЗИЦИОНЕР: Откри и зошто тоа го правеле

Апасиев: Поради пензионирани поштари, граѓаните не знаат дали платиле за струја

Апасиев: Поради пензионирани поштари, граѓаните не знаат дали платиле за струја