КАДЕ ИСЧЕЗНА АРСОВСКА? Горат депонии во Скопје, градоначалничката ја нема
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2025 09:56
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која цело време е активна на социјалните мрежи и неретко излегува на терен кога се во прашање дивоградбите, ја нема додека во Скопје горат Вардариште, Дрисла и електронскиот отпад во Трубарево.
Фактор се обиде да ја контактира Арсовска, со прашање зошто како градоначалник на Скопје досега не отиде кај ниту една од опожарените депонии и дали планира да отиде на местата по пожарите, но до овој момент, не добивме никаков одговор од неа, ниту пак одговори на нашите телефонски повици.
Инаку едно од ветувањата на Арсовска беше дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат, ќе ги исчисти сите депонии на територијата на Град Скопје. Сега, пред крајот на нејзиниот мандат, пожарникарите со денови се бореа со огнот на една од најголемите диви депонии - Вардариште.
Освен што како прв човек на Град Скопје се нема појавено кај опожарените депонии, Арсовска ја нема ниту со било каков став во јавноста, било преку службите од Градот или преку нејзините лични профили на социјалните мрежи.
Александар Тодески
Подоцна, Арсовска одговори зошто ја немало кај опожарените локации во Скопје. Нејзините одговори прочитајте ги тука: Aрсовска за Фактор: Трубарево не е под надлежност на Градот, а Вардариште ја исчистивме, остана делот под надлежност на Гази Баба
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




