МОНТАЖНИ БОЛНИЦИ, ОТВОРАЊЕ ЛАБОРАТОРИИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ: Регионалните Ковид центри за растоварување на здравствениот систем
Објавено во: Македонија 14 Јули, 2020
Директорите на болниците од 16 општини во Македонија, денеска, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, како и со Комисијата за заразни болести ќе ги продочжат активностите за подготовка за евентуален есенски бран на корона вирусот. На денешниот состанок се очекува здравствените власти да слушнат со што до сега е располагано во справување со Ковид-кризата, дали овие општини имаат доволно медицински кадар, дали може во наредниот период да одговорат на потребите во случај да има евентуално поголем број на пациенти и дали во овие општини може да се формираат регионални Ковид-центри. Во оваа насока, регионалните Ковид-центри би требало да овозможат растоварување на здравствениот систем, односно да нема голема концентрација на пациенти болни од вирусот само во Скопје, а истовремено и тестирањата, односно анализите од тестовите да не се прават само во лабораториите во Скопје.
Фактор побара одговори од некои од првите луѓе на болниците во другите градови, како и од директорите на Центрите за јавно здравје, за тоа како во изминативе неколку месеци се справуваа со епидемијата на Ковид-19 во Македонија.
Во Штип, на пример има само еден пункт за тестирање. До сега, како што за Фактор вели директорката на штипскиот Центар за јавно здравје, д-р. Марија Димитрова, тестирањата најмногу се вршеа теренски, а освен Штип, беа опфатени и граѓаните од Радовиш, Пробиштип, Карбинци, Конче и други населени места кои гравитираат околу Штип.
-Екипите на Центарот за јавно здравје беа составени од по двајца медицински работници. Вкупно имаме шестмина кои во изминатиот период беа постојано на терен. Сега оди само по еден, деноноќно се работи, преморени се. Добро е што сега веќе ни е дозволено теренските тестирања да бидат сведени на минимум, однсоно кажано им е на граѓаните да доаѓаат во пунктот за тестирање. Најголемиот проблем со кој се соочуваме, всушност е недостатокот од медицински кадар. Во Центарот за јавно здравје имаме и апарат за тестирање, што значи дека би можело примероците, односно брисевите да се работат тука, да не мора секојдневно да се вози до Скопје, но, за таа апаратура се потребни посебни услови, едноставно нема простор каде што би можела да биде ставена. А, навистина би било големо олеснување доколку не би морале да ги носиме брисевите до Скопје. За да тука профункционира лабораторија што ќе ги прави анализите, ќе се прими медицински кадар, ќе се обучи, бидејќи имаме можност и за серологија, но ќе видиме како ќе помине состанокот, што ќе биде побарано од нас и дали ќе може да одговориме на барањата, вели за Фактор директорката на ЦЈЗ-Штип, д-р. Димитрова.
Истовремено, градоначалникот Благој Бочварски истакнува дека Штип е подготвен да помогне инфраструктурно со механизација со која располагаат двете комунални претпријатија во градот, доколку се побара изградба на монтажни, односно модуларни болници во кои би се хоспитализирале пациенти болни од Ковид-19.
-Ако се договорат градежни зафати, Штип навистина може да се вклучи со механизацијата со која располагаме. Во штипската болница капацитетите се веќе речиси целосно исполнети. Изградба на модуларна болница би било решение за евентуално формирање на регионален Ковид-центар во овој дел на земјава во пресрет на евентуалниот есенски бран на епидемијата. Активностите за подготовка на регионалните ковид центри се во тек, ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Тука сме да помогнеме со сите расположиви средства, вели градоначалникот на Штип, Бочварски.
Што се однесува пак до болницата во Кавадарци, таму на пример нема инфективно одделение, туку само инфективна амбуланта и стационар, па до сега пациентитете со полесна клиничка слика се носени во болницата во Велес, а потешко болните во ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Од оваа болница во моментов двајца лекари интернисти се ангажирани во најголемиот ковид-центар во Скопје, и ова е втора група, која во моментов е ангажирана да помогнат на колегите во Скопје за хоспитализираните пациенти болни од Ковид-19.
Инаку, според министерот за здравство, Венко Филипче, нема пораст на процентот на хоспитализирани пациенти и трендовите се сѐ уште во насока на тоа да е приближно ист бројот од вкупно дијагностицирани од вкупниот број на тестови направени, ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број на новодијагностицирани.
-Капацитетите во болниците добро се менаџираат и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети. Во ГОБ „8ми Септември“повеќе денови по ред има под 100 пациенти кои се третираат. 80 се позитивни, за другите се чека резултати да стигнат во овие денови. Исто така, слободни кревети има и Инфективната клиника и на другите инфективни одделенија во општите и клинички болници ширум државата. Не очекуваме некакво изнанадување во смисла на поголем наплив на пациенти кои што би биле за прием во болница. Продолжува со ист интензитет работата на епидемиолозите на терен. Интензивно тестирање согласно индикацијата, интензивно пратење на контактите и ставање во изолација,изјави вчера министерот Филипче.
Активноститите
за формирање регионални ковид-центри се одвиваат во рамки на подготовките на
здравствениот систем за есенскиот бран на коронавирусот, а целта е да се
обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на
ковид 19, без при тоа да се оптоварува
редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.
Станува збор за дополнителни
времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни
патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени
други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени
ковид центри.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.