26 Ноември, 2024
0.0307

КАДЕ ЌЕ ОДИ: Што го „натера“ еден од фронтмените на СДСМ, Дамјан Манчевски, да ја напушти политиката

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Можеби не бомба, ама заминувањето на еден од долгогодишните фронтмени од таборот на социјалдемократите, како и еден од нејзините потпретседатели, Дамјан Манчевски, вчера и тоа како посеа бројни прашалници во политичката јавност.

Тој на својот фејсбук профил напиша многу убави зборови за своите сопартијци, објасни и дека има нов предизвик на кој сака да му се посвети, а тоа е приватниот сектор, но сепак како да остана впечатокот дека не ги разреши бројните мистерии што се отворија откако реши да си замине не само од партијата, туку и од политиката.

За лидерот на СДСМ Зоран Заев, но и за заменичката Радмила Шекеринска не штедеше епитети за пофалба. 

Но, што тогаш толку го предизвика токму сега да замине Дамјан Манчевски, кој во претходниот владин состав беше министер за информатичко општество и администрација, но во распределбата на новиот владин колач не доби министерска позиција. Иако, како што самиот вели, имал одлична понуда за нов политички ангажман. 

И конечно, многумина од вчера се прашуваат, каде попрецизно во приватниот сектор ќе оди Манчевски. Дали е тоа некоја голема компанија, или, пак, ќе вчезе во некој мал, можеби и сопствен бизнис човекот кој претходно долги години помина во политиката.

Драги пријатели, почитувани граѓанки и граѓани,драги мои другарки и другари,Дозволете да Ве информирам дека донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината за тоа е дека прифатив ангажман во приватниот сектор, кој е неспоив со било каков политички ангажман. Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ“, пишува Манчевски.

Вели дека професионално во политиката влегол кога било најтешко, во 2015 година. „Срушивме режим на мирен начин, земјата е членка на НАТО, отворен ни е патот кон членство во ЕУ, ја вративме слободата и демократијата, платите растат… Не беше лесно. Многу преживеавме заедно. Но, денес Северна Македонија е на вистинскиот пат и следат уште подобри времиња. Одлучувам да ја напуштам политиката кога можеби најмалку се очекуваше. После победа и нов мандат. Сепак, решив да се вратам на професијата и во приватниот сектор. Влегувам во нова борба. Време е за нови предизвици. Оваа моја одлука нема никаква врска со било која состојба во политиката. Таа е лична и само моја. Имав извонредна понуда за следен политички ангажман, за што сум неизмерно благодарен, но сепак се решив на овој чекор....“, пишува меѓу другото Манчевски.

И како шлагворт, неговата порака до првите луѓе на партијата.

„Но, особено сакам јавно да се заблагодарам на двајца. Зоран Заев. Тој не е човек, тој е човечиште. Да му се заблагодарам за храброста, вербата и посветеноста. Да му се заблагодарам за жртвата. Да му се заблагодарам што бев дел од историјата која ја создадовме. За довербата што секојдневно ми ја дава, уште од кога ме покани да му бидам шеф на кабинетот во партијата во 2008 година. Но, највеќе од се за неизмерното другарство. Радмила Шекеринска Јанковска. Уште кога имав 18 години, ме воведе и ми даде шанса во политиката. Цело време, а и ден денес, ми е пример за принципиелност и работливост. Пример за борец, кој не се предава и никогаш не ги става личните интереси во прв план.Ова не е збогум. Останувам со Вас. Останувам во државата, да ја споделувам судбината и борбата за подобар живот со сите наши граѓанки и граѓани. Драги мои, се гледаме во друга прилика“, се збогувачките зборови од политиката на Манчевски.

А што претходеше на ова?

Манчевски не доби министерско место, но многумина зборуваа дека ќе ја освои функцијата генерален секретар на Владата. Во тој контекст и се толкуваше неговата оставка од пратеничката функција, која се случи на 22 септември, на почетокот на собраниската седница за избор на заменик-министрите.

Тогаш се очекуваше дека е сосема очекувано Манчевски да даде оставка од пратеничкото место, бидејќи подолг период се шпекулираше дека тој ќе има висока функција во Владата, односно ќе дојде на местото на Драги Рашковски, што практично ќе значи дека Манчевски ќе биде новиот Генерален секретар на Владата. 

Но, тоа не се случи. 

Според информации од Владата, Драги Рашковски е се уште нејзин генерален секретар. Тој не си поднел оставка на оваа функција, иако тоа многумина го шпекулираа.

Претходно, пак, на стартот на септември, се зборуваше дека Артан Груби, прв вицепремиер во новата Влада, се вселил во кабинетот на генералниот секретар, Драги Рашковски. Овие простории кои се наоѓаат во шестата кула во зградата на Владата се најблизу до кабинетот на премиерот, кој се наоѓа во третата кула.

„Генералниот секретар на Владата беше практично приморан да се исели и да оди во четвртата кула, во кабинетот на досегашниот министер без ресор Роберт Поповски, функција која е веќе укината“, тврдеше тогаш изворот на Фактор.

Фактор тогаш се обиде да ги провери овие информации кај Рашковски, но тој сметаше дека нашето прашање е несериозно. Владата, пак, демантираше дека имало било каков инцидент меѓу Груби и Рашковски. 

Како и да е, Манчевски нема да биде генерален секретар на Владата, а нема да биде ниту на некоја друга државна функција.

А, на веб страната на СДСМ се уште стои дека еден од нејзините потпретседатели е Дамјан Манчевски, како и неговата опширна партиска и политичка биографија. 

Тој е повторно избран за потпретседател на партијата во 2019 година, откако претходно на Централниот одбор на СДСМ беше избран во 2017 година и во 2013 година.

Надвор од политиката, бил извршен директор на ЕММЕТРОН ДООЕЛ Скопје во периодот од 2006 до 2007 и од 2009 до 2013 година. 

За компанијата ЕММЕТРОН ДООЕЛ на Интернет може да се најде дека е друштво за трговија и услуги. 

Кои се мотивите, Манчевски одненадеж да ја напушти политиката и матичната партија, иако беше едно од нејзините препознатливи лица, веројатно јавноста ќе дознае многу скоро. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје