22 Ноември, 2024
0.0291

КАДЕ ЛАНИ СЕ ВРАБОТИЈА 30 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ - најдоа ли работа тука, или едноставно си заминаа од земјава

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Минатата година земјава ја завршила со 130.982 невработени лица, што е најмала бројка на невработени во текот на целата 2021 година.

Тоа го покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување, кои се однесуваат на декември, и кои таа ги објавува на својата веб страница.

Само еден месец претходно, односно во ноември, бројот на невработени изнесувал 133.412 лица, што значи дека само во декември, односно за еден месец, сме имале намалување за 2.430 лица.

Друго прашање што се поставува е каде најдоа работа овие луѓе, односно дали се вработија во земјава, или, пак, се отселиле во странство.

Претходно, пак, во октомври, како што говорат бројките на Агенцијата за вработување, земјава имала 134.219 невработени, што покажува дека бројот на невработени во ноември се намалил исто така за 807 лица, што значи дека иако за помалку, но сепак и во тој месец имало пад на бројот на невработени.

Пад на невработеноста бил регистриран и во октомври и тој бил осмиот месец по ред во кој се намалува невработеноста во земјава, и тоа за нови 1.386 невработени во однос на еден месец претходно.

Дали ова значи дека попуштаат економските стеги од кризата и дека се стабилизира пазарот на труд во земјава, или, пак дека нашите граѓани масовно си заминуваат во странство, ќе покажат некои наредни анализи.

Инаку, во февруари лани беше регистриран пикот на најголем број на невработени лица, односно тогаш нивната бројка била најголема и изнесувала 159.608 невработени. Бројот на невработени всушност почна да расте од април 2020 година, кога стартуваа рестриктивните мерки за заштита од ковид, што затвори многу работни места во земјава.

Следуваше со месеци само и само раст, за во вториот месец од 2021 година невработеноста да го достигне пикот, а оттогаш наваму постојано оди по надолна линија. Односно, во март лани имавме позитивна пресвртница, односно бројот на невработени доаѓа до 145.327 невработени, што значи дека за само еден месец имаме намалување на бројот на невработените за 14.281 граѓани.Тренд на постепено намалување продолжува и во април и во мај, за на крајот на јуни годинава да имаме 140.674 невработени.Во јули, август и септември бројката на невработени продолжува да се намалува за по околу илјада граѓани, а сличен е трендот и во октомври, кога достигнавме 134.000 невработени.

Или, на крајот на декември минатата година во однос на февруари кога бил пикот, бројот на невработени се намалил за 28.626 граѓани. Тоа е една прилично респектабилна бројка, особено ако се има предвид дека и минатата беше година на пандемија, и со рестрикции, кои потоа прекинаа, и со владини мерки за економска помош.

Дали овој тренд ќе продолжи и бројката ќе се симне пак до околу 100 илјади невработени како што сме имале пред корона кризата, останува да видиме во наредниот период.

Најновите бројки, пак, на Државниот завод за статистика, за до крајот на минатата година се уште не се објавени, а последни податоци што ги има објавено статистика се оние за крајот на третиот квартал лани, кога бројот на невработени во земјава е пресметан на 148.477 илјади, или стапката на невработеност на активното население е 15,7 отсто, што е намалување за 0,2 процентни поени во однос на вториот квартал.

Треба да се има предвид дека оваа бројка на ДЗС не може да се споредува со онаа на Агенцијата за вработување, бидејќи првата се однесува на крајот на третиот квартал, а втората за крајот на целата 2021 година. Всушност, според АВРМ, на крајот на третиот квартал лани бројот на невработени изнесувал 135.605 лица, што повторно покажува несовпаѓање со податоците на Државниот завод за статистика.

Инаку, оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за минатата година бил реализиран 96,4 отсто, а со него биле опфатени 11.292 лица. Вкупно се реализирани средства во висина од 1 милијарда и 495 милиони денари. Од нив 593 милиони биле наменети за директно креирање нови работни места.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека е задоволна од реализацијата на Оперативниот план, особено, поради тоа што, како што рече, таа се одвивала во услови на пандемија.

„Реализацијата на Оперативниот план во 2021 година покажа кои мерки се најатрактивни и за кои се покажа најголем интерес, и така врз основа на тоа се планира и планот за годинава кој е во завршна фаза, а е во износ од 28 милиони евра“, рече Тренчевска.

Таа појасни дека има 100 процентна реализација на мерките за самовработување, со кои се вработени 1.877 лица, како и голема реализација на поддршката за креирање работни места за потешко вработливи лица со која се вработени 2.194 лица. Целосна реализација, рече Тренчевска, има и на обуките за дигитална писменост и вештини.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат