16 Мај, 2024
0.0255

Каде се корените на корупцискиот скандал во Турција?

Објавено во: Балкан 07 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Во едно мало рибарско селце по име Гарипче се крие клучот за разбирањето на најголемиот корупциски скандал во турската историја, пишува Bloomberg. На еден час возење од Истанбул две бетонски кули се издигнуваат од двете страни на Босфор - во Азија и Европа. До 2015 година меѓу двете 322 метри кули ќе биде изграден мост за 2,5 милијарди долари. Шумска област со големина на Менхетн пак се подготвува за аеродром во вредност од 14 милијарди долари. Проектите кои се најголемите од ваков вид во светот, се кулминација на десетогишниот градежен план за 200 милијарди долари,започнат  од премиерот Реџеп Тајип Ердоган, тој ги проектира амбициите на Турција како регионална супер-сила, збогатена со сојузници во овој процес. По бранот апсења на оваа нова елита, градежните објекти се исправени пред опасносат да се претворат во амблеми на корупцијата и трошењето, кои според обвинителството ги всмукале плановите на Ердоган за една нова Турција. Шефовите на фирмите кои градат мостови и аеродромот, се меѓу 100-те лица кои беа уапсени, испрашувани и барани од обвинителството по 17 декември, кога се појави веста за долготрајната 15 месечна тајна истрага. Меѓу осомничените се и синовите на тројца од министрите од кабинетот на Ердоган, шеф на државна банка и градежен магнат, кој се претворил во еден од најбогатите луѓе во Турција за време на деценијата на Ердоган. Тројцата министри поднесоа оставка. Засега нема официјален обвинителен акт, иако најмалку 12 осомничени остануваат во притвор под обвинение за примање мито до нелегално решавање на државни аукции. Многу од обвиненијата се поврзани со големата програма за урбанизам, која  му помогна на Ердоган да ја зајакне економијата и да ја поддржи исламската бизнис класа, чија лојалност е сочувана благодарение на добивката од најсмелите инфраструктурни проекти. "Чудото на растот на Турција се должи главно на изградбата", тврди Атила Јесилада, аналитичар од Global Source Partners Inc. во Истанбул. "Ако во овие обвинувања има и зрно вистина, тогаш излегува дека моделот на развој на Турција не е само искривен, но и корумпиран. Ова е навистина загрижувачко", додава аналитичарот. Ердоган инсистира дека истрагата е обид да се спречи трансформацијата на земјата. Според него и неговите сојузници зад дејствата стои 75-годишниот свештеник Фетуллах Гулен, кој живее во Пенсилванија. Оттаму тој управува со исламска мрежа, која има силно влијание врз полицијата и судството во Турција и соработувала со Ердоган во минатото. Овие судири фрлија дамка врз третиот мандат на премиерот, во кој тој вети дека ќе создаде една нова и просперитетна Турција, која ќе е меѓу водечките економии во светот. Наместо тоа Ердоган се бори со обвинувања дека растот се вкоренети во корупција и фаворитизам, особено во градежната индустрија. Меѓу компаниите фаворизирани од страна на  Ердоган се Calik Holding AS управувана неодамна од зетот на Ердоган Берат Албајрак кој има учества во енергетската и градежна индустрија во држави, кои се протегаат од Косово до Ирак. Calik не фигурира во истрагата. Фирмата Cengiz Insaat пак се управува од Мехмет Ченгиз, кој заедно со синот на Ердоган е член на бордот на директори на благотворна организација и универзитет, именуван по премиерот. Тој учествува во изградбата на новиот аеродром. Компанијата тврди дека има договори за 7 милијарди долари. Името на Ченгиз се појави во листа на луѓе кои ги бараа за испрашување во вториот бран апсења, кој пропадна, откако полицајците одбија да ги исполнат заповедите на обвинителството. Овие фирми се пример за една нова бизнис класа, која потекнува главно од срцевината на Турција и ги  поддржува исламските вредности на Ердоган. Меѓу фирмите, кои се дел од  истрагата, има и други имиња од градежната индустрија, чии најголеми играчи се некои од главните поддржувачи на Ердоган. Оделението за јавност  на државната станбена агенција - TOKI, објави дека двајца од членовите на нејзиниот управн одбор биле испрашувани. TOKI распределува земјиште и е на директна потчинетост на премиерот. Истрагата предизвика масовна распродажба на турски акции. Од 17 декември наваму главниот индекс на берзата во Истанбул е паднат за 12%. Турската лира исто достигна рекордно ниско ниво во однос на доларот. Дури и Ердоган ја признава дрскоста на некои од неговите градежни  планови. Тој  редовно го нарекува еден од своите проекти - изградбата на канал за 12 милијарди долари, кој ќе го поврзува Црното и Мраморното Море, својот "луд проект". Градежната треска продолжува во Турција  во моментот се изведуваат проекти за најмалку 102 милијарди долари. Поголемиот дел од нив се извршуваат од страна на компании кои ги поддржуваат исламските вредности на Ердоган. Планираниот втор бран на апсења требаше да опфати и бизнисмени блиски до Ердоган вклучени во проектот за изградба на аеродормот и мостот во Гарипче. Таа сепак не се случи, откако Ердоган разреши и замени стотици полициски челници. K.К.

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот