16 Декември, 2025
0.0441

Каде се точи најскапо гориво?

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2014 12:04

Добивај вести на Viber

Најскапо гориво на светот се продава во Норвешка, додека најевтино - во Венецуела, покажа споредбата што ја направи „Блумберг“. Агенцијата ја споредувала просечната цена на галон гориво (околу 3,78 литри) и процентуалнит износ од просечна дневна заработувачка што е потребно да се издвои за да се купи еден галон гориво. Иако се рангирани повеќето земји од регионот, Македонија ја нема на листата. Резултатите покажале дека галон гориво во Норвешка чини 9,49 долари, а нешто поевтино е во Холандија - 9,46 долари за галон, Италија - 9,34 долари , Данска - 9,14 долари, Грција - 8,81 долари, Белгија - 8,68 долари, Португалија - 8,56, Германија - 8,50 долари за галон, Турција - 8,47 долари, Финска - 8,44 долари за галон. Од останатите земји во регионот, најскапо гориво има Словенија со цена од 7,74 долари за галон, зад неа е Романија со 7,38 долари, Унгарија - 7,05 долари и Бугарија - 6,73 долари за галон. Во светски рамки, најевтино гориво се точи во Венецуела - неверојатни 0,04 долари за цел галон, а меѓу најевтините е и Саудиска Арабија со цена од 0,45 долари, Кувајт - 0,81 долари и Египет со 1,01 долар за галон гориво.      

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“