Каде утре ќе нема струја!?
Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2012 17:54
Поради изведување одредени технички инвестициски зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа утре и задутре делови од Скопје и Скопско ќе останат без струја, соопшти Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје.
Без струја утре од 9 до 16 часот ќе останат корисниците од селат Ракотинци, Добри Дол и Маркова Сушица, како и викенд населбите во во овие населени места.Од 8 до 14 часот и 30 минути без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од „Трета Македонска Бригада“ и булевар „Кузман Јосифовски Питу“, додека од 10 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од населба Карпош, хотел „Бетон“, улица „Козле“ од броевите 26 до 34, „Рузвелтова“ бр. 5, „Миле Поп Јорданов“ од броевите 32 до 38.
Без електрична енергија од 9 до 14, часот ќе останат и корисниците од населба Карпош бензиска пумпа „Топ Трејд“, Бетоњерка на „Ратко Митровиќ“, Скупи 3, Скупи 5, Скупи 7. Задутре, во среда во периодот од 9 до 15 часот без електрична енргија ќе останат корисниците од село Студеничани улиците „4“, „5“, „6“ и „8 в“, а од 8:30 до 14:30 часот улица „Владимир Комаров“ зградите бр.13 и 15 во населба Аеродром. Од 8 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути без струја ќе останат дел од корисниците од Сарај, на патот кон селото Грчец и село Бојане.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





