26 Ноември, 2024
0.0274

Kaде во Македонија можете да купите куќа за неколку илјади евра?

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Во Македонија во руралните средини на истокот може да се купат евтини куќи.

Станува збор за постари куќи кои се продаваат за неколку илјади евра.  Од скопските агенции за недвижности велат дека овие луѓе сами си ги продаваат имотите, без посредство на агенции, но објаснуваат дека во Малешевијата има евтини недвижнини. Нагласуваат дека во Скопје е скапо, но во внатрешноста има евтини имоти.

Ова го потврдуваат и жителите на беровските села. Велат дека за неколку илјади евра може да се купи стара куќа, но доколку некој планира постојано да живее таму, ќе мора да ја реновира.

„Јас купив куќа веднаш зад мојата за 6.500 евра. Не е мала, но е стара куќа и за неа е потребно реновирање. Нашето село е густо населено, нема голема миграција, така што нема многу куќи за продажба, но во Мачево и Робово има и поевтино и мислам дека за 5.000 евра  може да се купи куќа. Нашето село е лоцирано покрај патот Виница – Берово, имаме превоз, а од градот сме оддалечени 11 километри“, вели Ванчо Пармачки, претседател на месната заедница во селото Будинарци.

Димитар Стамболиски, претседател на месната заедница во селото Владимирово објаснува дека во ова големо село има до педесетина празни куќи. Многу од жителите заминале во Скопје или во странство. Смета дека за сума до 10.000 евра може да се купи куќа.

„Може да се најде евтина куќа. Сега во селото има 750 постојани жители, а претходно имало околу 2.000 луѓе. Ние не сме далеку од градот, се наоѓаме на 5-6 километри од Берово“, додава Стамболиски.

Но, за овие купување на овие куќи нема голем интерес, велат мештаните.

И во регионот има слични примери, за што пишуваа српските и хрватските медиуми.

Во соседна Србија, во Банат има куќи за 2.000 евра, а во Пирот околу 1.000 евра.

Во Хрватска близу Вировитице куќи се продаваа за 7.000 до 10.000 евра.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили