19 Мај, 2024
0.0278

Каде во светот и зошто е забрането да се игра „Pokemon Go“ ?!

Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Мобилната игра Pokemon Go предизвика вистинска глобална манија. Милиони луѓе во светот одат задлабчени во смартфоните, во потрага по популарните чудовишта.

Повеќето од нив воопшто не ги земаат предвид ризиците што ги крие новата омилена игра со која тепаат време.

Лудилото по играта веќе зеде неколку жртви, предизвика транспортни несреќи и голем број на други проблеми.

Локални и национални власти во различни земји брзо реагираа и ја забранија Pokemon Go на одредени места, со цел да се обезбеди безбедноста на населението.

Еве некои места во светот каде играта е забранета:

Минските полиња во Босна

Властите ги предупредија дека играчите не вреди да се ризикува животот или екстремитетите, за да се фатат виртуелните чудовишта во минските полиња, останати од војните по распадот на поранешна Југославија.

Околу нуклеарни капацитети

Операторите на јапонската нуклеарна централа Фукушима, која настрада фатално од цунами во 2011 година, ги повикаа програмерите на играта „Niantic“ да се осигураат дека никој од нивните Pokemon Go играчи нема да се појави на територијата на нуклеарната енергија, каде нивото на радијација сеуште е многу високо.

Во САД двајца тинејџери, вовлеченуво играта, влегле во областа на нуклеарна централа. За среќа не дошло до инцидент, но одговорните служби изјавија дека нивната грешка можеше да заврши на поразличен начин и "многу сериозно".

На железничките линии и во метрото

Британскиот железнички оператор Network Rail морал да објасни дека железничките линии се исклучително лошо место за игри. Јапонските станици исто така, сакаат да станат зони, слободни од Pokemon Go, бидејќи распрскани играчи можат да се најдат на шините или да турнат некои од останатите патници. Слична забрана веќе е во сила и во метрото во Њујорк.

На патиштата

Во Северна Ирска, додека играше, маж се појави на автопатот во најфрекфентниот сообраќај. Полицијата категорично изјави: "Не ни е гајле колку редок е Pokemon Go, но сигурно не вреди да го ризикувате животот". Истото важи и за време на возењето.

Воени зони во Индонезија

Неопходно е да си бестрашен, "за да ги фатиш сите", но влегувањето во опасна воена зона во Индонезија е премногу ризичен чекор за еден Французин.

Околу историски споменици

Јапонските власти забранија играта во Паркот на мирот во Хирошима и околу споменикот на жртвите од атомската бомба, бидејќи ловците на Pokemon Go го нарушуваат спокојството во регионот, кој се смета за свет. Другиот јапонски град со слична судбина - Нагасаки исто побара Pokemon Go играчите да бидат отстранети од неговиот меморијален центар .

Pokemon Go е забранет и во концентрациониот логор Аушвиц, како и во Музејот на холокаустот во САД.

Во судовите

Врховниот суд на Јапонија исто така, ги повика Niantic да ги отстранат своите созданија, бидејќи судовите не се соодветно место за лов на Pokemon Go

На прес-конференции на Стејт департментот на САД

Може да не е толку опасно, но го ризикот од несакан имиџ, ако портпаролот ви направи забелешка дека од досада играте Pokemon Go.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст